Турнири

Заврши групната фаза на „Враништа 2025“ – Инекс Олгица убедлива, Брумел елиминиран, следува пауза пред нокаут битките!

Сподели
Сподели

Со вечерашните четири натпревари, официјално се комплетираше групната фаза на возбудливиот турнир „Враништа 2025“. Тимовите го одиграа последното коло во групната фаза, а некои од нив си го обезбедија местото во нокаут рундата, додека за други патувањето завршува тука.

Бел Мерцедес со службена победа од 1:0 против тимот на Македонија, кој не се појави на теренот.

Инекс Олгица вечерва настапи двапати. На првиот натпревар доби уште една службена победа (1:0) против Хаџијан од Ресен, а потоа во импресивен меч славеше со 6:3 над ДООЕЛ Ноче, покажувајќи одлична форма и сериозни амбиции за завршницата од турнирот.

Во последниот дуел од вечерта, Станица и Викса Пром ја победи екипата на Брумел со 2:0, победа што им обезбеди сигурен пласман понатаму, додека Брумел со овој пораз заврши со настапите во групната фаза.

Со оваа вечер, групната фаза официјално завршува, а сите погледи сега се насочени кон нокаут фазата, која ветува уште повеќе емоции и спектакл.

Сабота (24 мај) ќе биде слободен ден, па сите екипи ќе имаат можност за одмор и подготовки пред решавачките натпревари.

Нокаут фазата продолжува во недела, каде што ќе започне елиминациската борба за шампионската титула на турнирот „Враништа 2025“.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан веќе неколку години.


  • ТАБЕЛИ ОД СИТЕ ГРУПИ НА ВРАНИШТА 2025:


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!