Турнири

Станица и Викса Пром доминираат, Ночелино со тешка победа – уште една возбудлива вечер на Враништа 2025!

Сподели
Сподели

Турнирот во Враништа продолжува во голем стил – четири нови натпревари, нови победници и многу голови за радост на публиката која и вечерва го наполни теренот.

Студио 13 и понатаму ја задржува победничката форма, овојпат со минимален, но значаен триумф од 2:1 против борбениот тим на Гостилница кај Мече.

Би-Зи Груп одигра тактички зрел меч и со 2:0 го совлада Дооел Ноче, осигурувајќи вредни бодови и уште еден чекор напред кон елиминациите.

Вистинска демонстрација на сила прикажаа Станица и Викса Пром, кои буквално го прегазија составот на Коза Ностра со убедливи 5:0, доминирајќи во сите сегменти од играта.


За крај, публиката беше почестена со трилер – Електро Промет и Ночелино одиграа еден од највозбудливите натпревари досега. Екипат на Ночелино забележа тешка победа од тесни 4:3, во меч со многу пресврти и драма до самиот крај.

„Враништа 2025“ продолжува со несмален интензитет – страст, голови и извонредна атмосфера, кои ветуваат уште многу фудбалски моменти за паметење!

Спортска Мрежа е медиумски покровител на турнирот Враништа 2025, а нашата соработка трае долго години!


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран денеска меѓу екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија Арачиново, домашната...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!