ФудбалФутсал

КМФ Овче Поле: Им се извинуваме на Балкан, Мал Ајакс и Сее Университи, натпреварот е регуларен!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Футсал клубот Овче Поле во текот на вчерашниот дел со соопштение посочуваше на чудни резултати во натпреварите во Втората футсал лига на Македонија, посочуваше екипи, ја повикуваше ФФМ, ама денес се премисли и се извини.

Клубот од Свети Николе со соопштение се извини на Балкан, СЕЕ Университи и Мал Ајакс, а првичното соопштение си го избриша од профилот на клубот со кое имаше приложено и видеа, а кое беше испратено и до нашата редакција.

Почитувани, Екипата и управата на КМФ Овче Поле упатува јавно извинување до екипата на КМФ Сееу и КМФ Балкан поради напишаниот текст. По детална анализа на видеата од наша страна заклучивме дека се грешка протолкувани и утврдивме дека натпреварот ‘најверојатно’ е регуларен. Исто така упатуваме јавно извинување на екипата на КМФ Мал Ајакс и сите кои што беа засегнати од претходната објава. Спортски поздрав Кмф Овче Поле”, се вели во соопштението на КМФ Овче Поле.

Во текот на вчерашниот ден и КМФ Балкан реагираше соопштение, како одговор на првото соопштение на клубот од Свети Николе, а денес КМФ Овче Поле се извинува јавно.

Лидер во Втората футсал лига е Мал Ајакс со 51 бод, втор е Балкан со 50 бодови, а трет е Овче Поле со 47 бодови.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!