ФудбалФутсал

КМФ Овче Поле: Во Втората футсал лига има натпревари со зачудувачки резултат од 27:4, играч постигнува 15 гола, ФФМ да реагира!

Сподели
Сподели

Футсал клубот Овче Поле од Свети Николе преку соопштение реагираше за тоа дека во Втората футсал лига имало натпреваро со зачудувачки резултати, а како што посочуваат на еден натпревар резултатот бил 27:4.

Дополнително, велат дека имало играч кој постигнал 15 гола, притоа велат дека се постигнувале голови како на ракометен натпревар.

Екипата од Свети Николе во своето соопштение посочи и неколку видеа од натпревари.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА КМФ ОВЧЕ ПОЛЕ:

„Реакција по одиграни натпревари во Втората футсал лига. Уште една лакрдија во македонскиот фудбал, овој пат не во големиот фудбал туку во малиот фудбал (футсалот) кој исто така е под организација на ФФМ и тоа овој пат во Втората футсал лига на натпреварот помеѓу КМФ Балкан – КМФ Сее, каде што резултатот заврши со 7:6. Резултат како резултат, на прв поглед делува сосема нормален натпревар со желба за победа и борба од двете екипи. Но, дали навистина е така, ќе оставиме да покажат видеата коишто ќе бидат објавени и видени од целата јавност. Имаше уште еден зачудувачки резултат, а беше незабележано од страна на ФФМ, а тоа беше натпреварот помеѓу екипите на КМФ Балкан – КМФ Карадаку каде резултатот заврши со 27:4 и исто така еден ист играч постигнува 15 голови. Во прилог ќе бидат доставени и видеа од овој натпревар. Дали ова не треба да се разгледа од страна на ФФМ? Бидејќи и ова натпреварување спаѓа под капата на ФФМ да се виде како се постигнати овие голови како се билда гол разлика, како еден играч постигнува толку голови на еден натпревар и најбитното од се, како екипите однапред си се договараат знаејќи го исходот уште пред да започне натпреварот. Знаејќи од минатото не многу одамна пред само две години беа суспендирани четири клубови за исти или слични резултати и постигнати голови каде се постигнуваше голови како на ракомет.
Оваа реакција од нашиот клуб доаѓа не поради конкуренцијата туку поради фер и спортскиот дух за кој сите ние се бориме. Се надеваме дека оваа наша реакција ќе допре до надлежните во ФФМ и ќе ги разгледаат овие натпревари и ќе ги превземе соодветните постапки како и за големиот фудбал што се случија така и во футсалот. Во продолжение следуваат видеа од истите “натпревари”“, се вели во соопштението на КМФ Овче Поле од Свети Николе.

  • ВИДЕАТА КОИ ГИ ОБЈАВИ ВО СООПШТЕНИЕТО КМФ ОВЧЕ ПОЛЕ:


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!