ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Сподели
Сподели

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат од 6:1 пред својата верна публика, со што тимот од Јосифово кој го води Игор Димов стигна до три од три, а гостинот го претрпе првиот сезонски пораз.

Атмосферата во Проект е на високо ниво, шампионот функционира како едно семејство, а на терен продолжува да доминира како и минатата сезона.

Резултатот го отвори Кристијан Гавровски во 7. минута од средбата, со што домашниот тим имаше 1:0 на полувреме. Во вториот дел отпорот на гостинот беше скршен, со што започна да се полни мрежата до врв.

Димитар Јанев во 25. минута ја дуплираше предност, а по две минути Наум Блажевски се погрижи резултатот на семафорот да биде 3:0. Бојан Јанев и Адријан Трајков погодија за 5:0.

Во 36. минута гостинот преку Дарко Додевски постигна утешен гол, а пак новото засилување Александар Черкезов во 40. минута беше прецизен за конечни 6:1.

Проект по три кола останува перфектен со максимални девет бода, а во следното коло Проект ќе гостува кај Клими во Кавадарци, додека пак Бутел го очекува ново дерби против поранешниот шампион Форца.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!