Турнири

Пријавите се во тек за 5. Меморијален турнир во чест на Сашко Гелов – Шулц: Фудбал и емоции во Росоман

Сподели
Сподели

Од 28 мај до 6 јуни 2025 година, во Росоман ќе се одржи петтиот по ред Меморијален турнир во мал фудбал во чест на Сашко Гелов – Шулц, еден од најпочитуваните спортски настани во регионот. Турнирот, кој прерасна во вистинска спортска традиција, и оваа година ќе го обедини локалното население, спортските ентузијасти и љубителите на мал фудбал под едно име – Шулц.

Турнирот ќе се игра на игралиштето при старото училиште во Росоман, а натпреварите ќе бидат одиграни во формат 4+1. Котизацијата за учество изнесува 4000 денари по екипа, а пријавувањето е отворено до 25 мај 2025 година на телефонскиот број 077 490 684.

Организаторите најавуваат возбудлив турнир со атрактивни натпревари, фер-плеј атмосфера и богати парични награди. За првото место е предвидена парична награда 120.000 денари, за второто место 60.000 денари, а пак за третопласираниот награда од 30.000 денари.


Турнирот не е само спортски настан, туку и емотивно потсетување на личноста и делото на Сашко Гелов – Шулц, кој останува засекогаш во срцата на неговите пријатели, семејството и пошироката спортска заедница.

„Биди дел и сведок на многу бројни содржини надополнети со најдобриот фудбал. За кого? За Шулц!“ – порачуваат организаторите.

Низ својата кариера Гелов настапуваше за Росоман, Вардар Неготино, Новаци и Тиквеш. Последниот официјален натпревар го одигра на 17. ноември 2019 година, во дресот на Росоман настапувајќи на натпреварот од 12. коло против Илинден БС од Трета лига – Центар, во сезона 2019/2020.

Спортска Мрежа како и во претходните години, така и оваа година медиумски ќе го поддржи меморијалниот турнир во чест на Сашко Гелов – Шулц.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!