ФудбалФутсал

КМФ Балкан со остра реакција кон КФМ Овче Поле: Професионалноста не е клевета и сценарија за казни!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Футсал клубот Балкан вечерва излезе со соопштение како одговор на соопштението кое го имаше футсал клубот Овче Поле од Свети Николе.

Тимот од Свети Николе излезе со соопштение во кое се вели за чудни натпревари и резултати, како и за тоа играч дека давал по 15 голови, а на што футсал клубот Балкан веднаш реагираше со соопштение.

Во истото се вели дека професионалноста не е клевета и сценарија за казни, а притоа клубот преку соопштението посочи и за нивниот меѓусебен натпревар.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА КМФ БАЛКАН, КАКО РЕАКАЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО НА КФМ ОВЧЕ ПОЛЕ:

„Професионалноста пред се… Поради прозивките и обвинувањата од страна на клубот од Свети Николе, КМФ Овче Поле, сакаме само да објасниме што всушност значи професионалност и фер плеј за кој они се залагаат и повикуваат… Професионалност не е да се шират клевети и лажни обвинувања и да се шират заблуди во јавноста… Ако постои некое сомнение има институции каде што се поднесува жалба и се отвара истрага за истата… Професионалност не е да се бришат постови и да се објавуваат нови бидејќи во тие постови се и вашите блиски пријатели од Штип, КМФ Мал Ајакс со кој си ги играте натпреварите народно кажано кец у два и со истите тие пријатели на секој можен начин да пробувавте да го запрете нашиот тим за влез во прва лига… Фер плеј не се ниту вашите победи од по 15 голови со споменатата екипа за која не клеветите… Фер плеј не е да барате начин и да креирате сценарија само за некако да добиеме казна и да влезете во прва лига, иако има уште до крајот и се е можно… Но, да се навратиме на натпреварот од 22-рото коло: КМФ Овче Поле – КМФ Балкан… Тој ден вашата професионалност и фер плеј официјално згасна… Уште на самото пристигање не пречекаа ваши навивачи кој фрлаа со шишиња и скокаа по комбето со кое допатува нашиот тим(постојат фото и видео материјали) кој ќе бидат соодветно поднесени каде што треба, а не на фејсбук… Во салата скандирање на вашите навивачи со најгрди изрази на расна, национална и верска основа, бидејќи се знае дека имаме играчи од различни националности и вери, а тоа е најказниво според ФФМ и УЕФА, (и за тоа имаме фото и видео докази)
Кога нашиот претставник на клуб, тренер па дури и претседател се побунија за тоа што немате редари и мора да интервенира полиција поради навивачите што беа на оградата од салата, а правилникот добро кажува дека мора да биде првиот ред празен и да се има редари(каде што ние добивме и казна која без жалење и плачење ја испочитувавме) тогаш делегатот на натпреварот не одби со тоа што не постоеле такви правила што укажува на тоа колку е наклонет спрема вашиот клуб… Секако затоа и не ги ставате снимките транспарентно… И само да ве известиме дека ние сме праведни и не се плашиме ниту од казни ниту од тоа да не влеземе во првата футсал лига, а вие замислете се малце дали сето ова вреди да го правите на се уште незавршена лига…

На три кола до крајот борбата за влез во Првата футсал лига ја водат лидерот Мал Ајакс, второпласираниот Балкан и третопласираниот Овче Поле. Штипски Мал Ајакс на своето конто има 51 бод, Балкан има 50 бодови, а пак Овче Поле има 47 бодови.

Три екипи, а место за влез во Прва лига има за две екипи, една ќе извиси.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!