Втора лигаФудбал

Башкими има една цел – да се врати во Прва лига, а потоа клубот од Куманово ќе цели и кон Европа!

Сподели
ФОТО: ФК Башкими
Сподели

Фудбалот во Куманово се сака, а потврда се полните трибини кога Башкими игра на домашен терен на натпреварите од Втората фудбалска лига.

Башкими е пред портите на Првата лига, на само четири кола до крајот тимот се наоѓа на второто место, а може да заврши и на првото, но главната цел е директен влез во Прва лига, враќање во елитата каде Башкими беше во минатото кога играше и во Европа.

Тимот кој го води младиот стратег Баже Јанакиевски игра одличен фудбал во текот на целата сезона, притоа го има и еден од најефикасните напади кој реализирал 45 погодоци и една од најдобрите одбрани во лигата.

ФОТО: ФК Башкими | Полна трибина и поддршка од верните навивачи

Целта на клубот е најпрво да се врати во Прва лига, а потоа да се гради тим со кој Башкими ќе атакува на излез во Европа и да игра како во најдобрите времиња кога Башкими го освои и Купот на Македонија.

„Ние како управа им даваме максимална поддршка на нашите играчи, ние веруваме во нив и одиме до крај, до последно коло ќе се бориме сите заедно да обезбедиме враќање во Првата лига. Нашиот клуб во минатото го има освоено Купот на Македонија, сме играле и во Европа, затоа првата наша цел ќе биде да се вратиме во Прва лига и од следната сезона да градиме тим и за Европа како во старите добри времиња. Нашите трибини се полни, имаме поддршка од публиката, од нашите верни навивачи, што е потврда дека фудбалот во Куманово се сака. Со поддршка од трибините и нашите навивачи одиме кон враќање во Прва лига“, велат од управата на Башкими за Спортска Мрежа.

Во сезоната 2004/2005 екипата на Башкими го освои Купот на Македонија, кога во големото финале кое се одигра на 24 мај 2005 година Башкими со 2:1 го доби тимот на Маџари Солидарност, а во кое финале Башкими триумфираше преку пресврт со двата гола на Пресилски во 78. минута и 92. минута, откако претходно Алексовски во 11. минута го отвори резултатот на финалето кое се играше на Градски во Скопје пред околу 10.000 гледачи.


ФОТО: ФК Башкими | Победничка атмосфера владее во соблекувалната на клубот

Башкими сега е на второто место со 56 бодови, има бод негатива од лидерот Македонија ЃП, а пак еден повеќе во однос на Арсими кој е во бараж зоната.


До крајот Башкими има уште четири натпревари, веќе во сабота ќе игра против Скопје на домашен терен, во вонредното 28. коло Башкими ќе гостува во Гевгелија кај Кожуф. На домашен терен во претпоследното 29. коло Башкими ќе игра против Детонит Плачковица, а во рамки на последното 30. коло ќе игра против Брегалница во Штип во дербито на колото.

ФОТО: ФК Башкими | Тимот има поддршка од управата и навивачите за враќање во Прва лига

Само четири натпревари или 360 минути го делат Башкими од Прва лига, финишот од сезоната во Втора лига ни носи повеќе од неизвесна завршница.

(ФОТО) Перфектно: Теренот на стадионот на Башкими во Куманово е тепих!

Дополнително како што веќе имаше објавено Спортска Мрежа, теренот на стадионот на Башкими е во перфектна состојба што е уште една потврда за грижата на теренот кој е идеален за игра и нуди одлични услови за одигрување на натпреварите.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот на Шампион во рамки на 13. коло на Првата ракометна лига,...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го организира ФК Интер Кукла. На 14 декември (недела), клубот ќе биде...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: Охрид е есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига – „рибарите“ ја...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!