ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи не се одигра, откако гостинската екипа не допатува во Кавадарци.

Овој меч беше закажен да се одигра на 13 декември (сабота) во СЦ „Јасмин“ во Кавадарци со почеток од 20 часот, но тимот на Шкупи не се појави во салата, а ниту пак го најави дека нема да присуствува на мечот.

„По чекање од 30 минута гостинската екипа КМФ Шкупи не се појави во салата Јасмин, ниту притоа се најави дека воопшто нема да присуствува на мечот“, се вели во записникот од натпреварот.

Ова значи дека тимот на Клими натпреварот ќе го добие со службен резултат од 3:0, а дополнително Шкупи ризикува санкции од Фудбалската федерација на Македонија со одземање на бодови, за што ќе треба да причекаме официјално ФФМ да донесе одлука.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи на домашен терен и освојувајќи значаен бод. Сепак, денеска ги очекува...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!