Втора лигаФудбал

(ФОТО) Перфектно: Теренот на стадионот на Башкими во Куманово е тепих!

Сподели
Сподели

Теренот на ФК Башкими од Куманово, кој настапува во Втората македонска фудбалска лига, е вистински пример за квалитет и професионалност.

Во моментов, теренот е во перфектна состојба – рамно, уредено и со густа зелена трева која изгледа како тепих. Овие услови не само што овозможуваат квалитетна и брза игра, туку и тоа што треба да биде пример како треба да изгледа еден терен.

Ова треба да биде пример кој треба да го следат многу екипи за тоа како треба да изгледа еден терен пред се на терените на градските стадиони.


Башкими е на второто место на табелата со 50 бодови на своето конто и сака директен влез во Првата македонска фудбалска лига, а теренот кој е во одлична кондиција е одлика за клуб кој има високи амбиции и кои води грижа и за самиот терен со цел да има повеќе од идеални услови за игра.


Ова е пример како треба да изгледа теренот на еден стадион, со оглед дека многу од терените низ Македонија се во катастрофална состојба и изгледаат како да се во некое африканско село.

Башкими ја продолжува борбата на последните седум кола до крајот од Втората лига за директен влез во Првата лига, а во следното коло екипата предводена од Баже Јанакиевски ќе гостува во Македонска Каменица кај Каменица Саса, во рамки на 24. коло на Втората македонска фудбалска лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!