Трета лигаФудбал

Високи казни за ФК Сатеска: Парична казна, одземени бодови, теренот суспендиран на 12 натпревари!

Сподели
ФОТО: Фудбалскиот терен во Волино
Сподели

Високи казни доби третолигашот Сатеска за инцидентот што се случи по натпреварот со Преспа од 15. коло на Трета лига – Југозапад, а кој се одигра на 13 април.

Натпреварот заврши со резултат од 1:1, а по мечот повеќе лица влегле на теренот, при што за време на турканицата едно фудбалерот на Преспа, Неџми Реџепи падна на земја, а едно лице со нога го удира во пределот на главата, по што фудбалерот на екипата од Преспа веднаш беше пренесен во болница за укажување на лекарска интервенција, каде се стравуваше за неговиот живот.

Дисциплинската комисија на Трета лига – Југозапад ги изрече санкциите за ФК Сатеска од Волино за овој инцидент, но дополнително се изречени казни и за натпреварот кој ФК Сатеска не го одигра во Дебар против ФК Кораб, а кој требаше да се игра на 19 април, во рамки на 16. коло.

За инцидентот во Волино, ФК Сатеска се казнува со парична казна во висина од 1000 евра во денарска против вредност од денот на уплатата. ФК Сатеска се казнува со забрана за одигрување на 12 првенствени или Куп натпревари на домашен терен, а домашните натпревари ќе треба да ги игра на терен кој е на растојание од 50 километри од теренот во село Волино.


Врз основа на член 116 од Дисциплинскиот правилникна ФФМ,а во врска со член 122,член 125 од Дисциплинскиот Правилник на ФФМ,Дисциплинската комисија во состав:Гроздановски Раде –Заменик претседавач,Марковски Ненанд –член постапувајќи по пријава на Комесарот за натпревари бр.06-2025 од 14.04.2025 година екипата на ФК Сатеска од с.Волино се предава на ДК на Третата МФЛ лига Југозапад Битола ,поради влез на неслужбено лице во теренот за игра и истиот физички нападна фудбалер на гостинската екипа по завршувањето на натпреварот од Третата МФЛ-Југозапад,врз основа на член,51 од ДП на ФФМ,и член 28 од Пропозициите за натпреварување во Третите лиги на седницата одржана на ден 24.04.2025 година ја донесе следната:

О Д Л У К А

1.ФК Сатеска од с.Волнио СЕ КАЗНУВА со парична казна во висина од 1000 евра во денарска против вредност од денот на уплатата.
2.ФК САТЕСКА СЕ КАЗНУВА со забрана на одигрување на 12 Првенствени или Куп натпревари на домашен терен.
3.ФК Сатеска своите натпревари како домаќин ќе ги игра на терен одалечен од својот во село Волино на растојание од 50 км. На терен ододбрен за играње од страна на надлежното тело согласно Правилникот за инфраструктура и стадиони на ФФМ.
4.СЕ ЗАДОЛЖУВА ФК САТЕСКА по правосилност на оваа одлука да изврши уплата на парична казна од став 1,на жиро сметка на ОФС Битола 300060000214791 Комерцијална банка АД Скопје.
5.Одлуката стапува на сила од денот на донесувањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Дисциплинската комисија постапувајки по пријавата на Комесарот за натпревари,бр.06-2025 од 14.04.2025 година против ФК Сатеска од с.Волино поради влез на неслужбени лица во теренот за игра по завршувањето на натпреварот а со тоа и физички беше нападнат фудбалер од гостинската екипа на натпревар од 15 коло на Третата МФЛ-Југозапад помеѓу екипите на ФК Сатеска и ФК Преспа,ги разгледа предложените докази од пријавувачот:Записник од натпреварот,Дополнителниот Делегатски извештај,Извештај од Комесарот за безбедност на 3 МФЛ-Југозапад,Писмена изјава од Главниот судија на натпреварот и ја утврди следната фактичка состојба: На ден 13.04.2025 е одигран натпревар во рамки на 15 коло од Третата МФЛ-Југозапад помеѓу екипите на ФК Сатеска –ФК Преспа одигран на игралиштето во с.Волино по завршувањето на натпреварот неслужбено лице влезе во теренот за игра и физички го нападна играчот на Гостинската екипа со број 8 Реџепи Неџми.Согласно вака утврдената,фактичка состојба Комисијата земајќи ги во предвид сите околности од ДП на ФФМ констатира дека пријавениот сторил прекршок утврден во член 51 од ДП на ФФМ,и член 28 од Пропозициите за натпреварување во Третата МФЛ-Југозапад по што одлучи како во диспозитивот.


Дополнително, ФК Сатеска е санкционирана и за тоа што не го одигра натпреварот со ФК Кораб во Дебар, па така тимот од Волино добива казна од 250 евра во денарска против вредност од денот на уплатата, а дополнително ФК Сатеска се казнува со одземање на три бодови од нејзиното конто.


Врз основа на член 116 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ,а во врска со член 122,член 125 од Дисциплинскиот Правилник на ФФМ, Дисциплинската комисија во состав:Гроздановски Раде –член постапувајќи по пријава на Комесарот за натпревари бр.07-2025 од 21.04.2025 година против екипата ФК Сатеска од с.Волино се предава на ДК на ФФМ, на натпреварот од 16 коло од Третата МФЛ лига Југозапад Битола помеѓу екипите на ФК Кораби – ФК Сатеска не одигран на ден 19.04.2025 година во рамките на Третата МФЛ лига Југозапад Битола на стадионот во Дебар , неоправвдано не се одигра ,врз основа на член 58 став 1 од ДП на ФФМ на седницата одржана на ден 24.04.2025 година ја донесе следната:

О Д Л У К А

1.ФК Сатеска од с.Волино СЕ КАЗНУВА со парична казна во висина од 250 евра во денарска против вредност од денот на уплатата .
2.ФК Сатеска се казува со одземање на 3 (три) бода од освоените на табелата.
3.СЕ ЗАДОЛЖУВА ФК Сатеска по правосилност на оваа одлука во рок од 10 (десет) дена да изврши уплата на парична казна од став 1,на жиро сметка на 3 МФЛ Југозапад-Битола 300060000214791 Комерцијална Банка АД Скопје.
4. Одлуката стапува на сила од денот на донесувањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Дисциплинската комисија постапувајки по пријавата на Комесарот за натпревари,бр.07-2025 од 21.04.2025 година против ФК Сатеска од с.Волино поради неоправдано неодигрување на натпреварот од 16 коло во Третата МФЛ- лига Југозапад,ги разгледа предложените докази од пријавувачот: Дополнителниот делегатски ивештај од натпреварот.Согласно вака утврдената, фактичка состојба Комисијата земајќи ги во предвид сите околности од ДП на ФФМ констатира дека пријавениот сторил прекршок утврден во член 58 од ДП на ФФМ,по што одлучи како во диспозитивот.

Сега ФК Сатеска на своето конто има 29 бодови и се наоѓа на третото место. На првото место е Преспа од Ресен со 39 бодови, а пак на второто место е Кораб со 31 бод.


  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ПРЕСПА 16 12 3 1 40 11 +29 39
2 ФК КОРАБИ 17 10 1 6 33 31 +2 31
3 ФК САТЕСКА с.Волино(-3) 16 9 5 2 50 32 +18 29
4 ФК КРАВАРИ 17 8 4 5 43 21 +22 28
5 ФК ЕВРОТИП ОНЛАЈН 16 7 4 5 28 22 +6 25
6 ФК КАРАОРМАН 2017 16 8 0 8 28 33 -5 24
7 ФК ВЛАЗНИМИ 17 7 1 9 32 32 0 22
8 ФК СЛАВЕЈ с.Мешеишта 16 6 3 7 25 28 -3 21
9 ФК Велешта Унитед(-3) 16 6 2 8 33 51 -18 17
10 ФК СВЕТА ТРОИЦА 2021 17 2 7 8 18 28 -10 13
11 ФК ДЕМИР ХИСАР 17 3 4 10 21 32 -11 13
12 ФК СВЕТЛОСТ 11 1 0 10 11 41 -30 3


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Рекорден трансфер: Димитар Митровски потпиша за Олимпија Љубљана!

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски ја продолжува својата интернационална кариера во Словенија, потпишувајќи договор со актуелниот шампион Олимпија Љубљана. Според словенечките медиуми, станува збор...

Ракомет

Како ќе изгледа ракометната Суперлигата следната сезона 2025/2026?

Познати се сите екипи кои ќе бидат дел од ракометната Суперлига следната сезона 2025/2026, откако вчера беше одигран и бараж натпреварот. Во новата...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Рекорден трансфер: Димитар Митровски потпиша за Олимпија Љубљана!

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски ја продолжува својата интернационална кариера во Словенија, потпишувајќи...

Втора лигаФудбал

Искусниот голман Бурхан Мустафа е слободен, откако се раздели со Шкендија Арачиново

Искусниот голман со прволигашко и меѓународно искуство Бурхан Мустафа е слободен, откако...

Прва лигаФудбал

Шкендија го продолжи договорот со Клисман Цаке

Дваесет и три годишниот Клисман Цаке, стави потпис на нов договор со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!