Ракомет

Охрид победнички во Кавадарци – Ѓорѓески го реши Тиквеш, Куманово до триумф над Борец ФЛ!

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Охрид вечерва го освои Кавадарци откако со 20:24 триумфираше во рамки на 5. коло од плеј-офот на Суперлигата. Ракометарите на Охрид имаа одлично прво полувреме, откако истото го добија со резултат од 6:14.

Тиквеш имаше крајно лошо прво полувреме, а тоа беше причината и за поразот, во вториот дел се обиде да се поправи но беше доцна. Во вториот дел „гладијаторите“ во три навради имаа плус девет при 6:15, потоа 7:16 и 8:17, а до крајот Тиквеш успеа само да го ублажи поразот на минус четири за 20:24.

Кристијан Анастасовски беше најдобар стрелец кај Тиквеш со седум гола, а пак кај Охрид се истакна Теимураз Орјоникидзе со девет гола, а пак Даниел Ѓорѓески имаше 12 одбрани.

Куманово забележа важна победа од 28:25 на домашен терен над Борец ФЛ и со тоа прави голем исчекор кон директниот опстанок и со тоа тимот на Куманово да има мирна завршница од сезоната.

Велешани мечот го отворија со гол за водство, се играше гол за гол и постојано се менуваше водството и на двете страни, а на полувреме домаќинот имаше 14:13. Во вториот дел Куманово за првпат имаше плус три при 20:17, а таа предност ја одржуваше се до 23:23 кога Борец ФЛ се обиде да дојде до нова предност, но Куманово не дозволи изненадување и мечот го доби со 28:25.

Најдобар кај Куманово стандардно беше Давид Димевски, а пак кај Борец ФЛ со девет гола се истакна Габриел Гуедеш Черубим.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!