Ракомет

Вардар е на врвот во Суперлигата – ќе гледаме неизвесна борба за титулата! Неизвесно за опстанок!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Вардар го превзема врвот на табелата во ракометната Суперлига откако го доби Еурофарм Пелистер во Битола, па со тоа вардарци сега е први со 12 бодови, додека пак актуелниот шампион од Битола е втор со 11 бодови.

Ваквите околности прават да имаме повеќе од неизвесна борба за титулата до крајот односно до последното коло.

На третото место е Алкалоид со осум бодови на своето конто, а пак Охрид е на четвртото место со 5 бодови. На петото место останува Тиквеш со три бодови, а на последното место е Бутел без бодови.

  • ТАБЕЛА ВО ПЛЕЈ-ОФ СУПЕРЛИГА:
П Екипа Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Вардар 1961 5 5 0 0 164 134 +30 12
2 РК Еурофарм Пелистер 5 4 0 1 156 135 +21 11
3 РК Алкалоид Ракомет 5 3 0 2 157 149 +8 8
4 ГРК Охрид 5 2 0 3 121 130 -9 5
5 ГРК Тиквеш 2014 5 1 0 4 124 147 -23 3
6 РК Бутел Скопје 5 0 0 5 123 150 -27 0

Лидер на табелата во плеј-аутот е Пролет со 11 бодови и веќе е потврден опстанокот и скопскиот тим ќе има мирна завршница, а пак Прилеп е втор со двет бодови и со тоа и прилепчани веќе одат кон потврда на директниот опстанок.

На третото место е Куманово кој има седум бодови, а потоа доаѓа неизвесната борба за директен опстанок. Радовиш е на 4. место со четири бодови, толку има и Борец ФЛ кој е петти, а пак Струга е шеста со ист број на бодови.

Колку за потсетување последната екипа во плеј-аутот директно испаѓање во Првата лига, а пак претпоселдната екипа игра бараж за опстанок со екипата која ќе биде втора во плеј-офот на Првата лига.

  • ТАБЕЛА ВО ПЛЕЈ-АУТОТ СУПЕРЛИГА:
П Екипа Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Пролет 62 5 4 0 1 136 120 +16 11
2 РК Прилеп 5 3 1 1 133 120 +13 9
3 МРК Куманово 5 2 1 2 122 120 +2 7
4 РК Радовиш 5 2 0 3 128 130 -2 4
5 РК Фруит Ленд Борец 5 1 1 3 131 140 -9 4
6 РК Струга 5 1 1 3 121 141 -20 4
Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!