Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид го совлада шампионот Еурофарм Пелистер со 29-25 (13-11) и го запиша својот прв голем триумф против еден од најсилните ривали. Натпреварот се одигра во преполната сала „Билјанини извори“, каде верните навивачи „Рибари“ и „Чкембари“ создадоа одлична атмосфера.

Капитенот на Охрид, Гоце Ојлески, во изјава за Спортска Мрежа, посочи дека победата е резултат на квалитетната и борбена игра на тимот, особено на одбраната, која на овој меч, функционирала беспрекорно. Тој нагласи дека и покрај тоа што Пелистер е фаворит за титулата, охриѓани ги покажале своите квалитети и заслужено го добиле овој меч.

„Пред сè, сакам да им честитам на нашите момци, навистина одигравме еден квалитетен натпревар, борбен пред сè..како што и најавивме пред самиот меч – дека ќе се бориме до крај. Пелистер е фаворит за шампионската титула, меѓутоа и ние имаме свои квалитети коишто денес ги покажавме. Мислам дека пресудна за оваа победа беше одбраната, таа навистина денес функционираше како што треба, можам да кажам дека примивме мал број голови, па според тоа, заслужено и победивме.“- изјави Ојлески за Спортска Мрежа.

Оваа победа, како и победата над Алкалоид во претходните кола, ја потврдуваат амбицијата на Охрид да биде конкурентен на домашната сцена и ја покажува силата на тимот, кој со дисциплина и борбеност успеа да се наметне против еден од најсилните клубови во Македонија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!