Ракомет

Хориха е херојот на Вардар за победа над Еурофарм Пелистер во Битола!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Ќе има повеќе од неизвесна сезоната за тоа кој да биде шампион во ракометната Суперлига на Македонија, откако вечерва Вардар со голот на Украинецот Дмитро Хориха кој погоди во последните секудни триумфираше од 34:35.

Вардар одлично го отвори мечот кога имаше и плус четири при 1:5, а потоа уште еднаш дојде до плус четири на 5:9, а битолчани намалија на 16:17 на полувреме.

Во вториот дел Еурофарм Пелистер при 18:17 го превзема водството, но потоа Вардар одново влезе во серија за 21:25, а неизвесноста дојде кога битолани израмнија на 29:29, па одново се играше гол за гол.

Херој за победа на Вардар е Хориха, кој на 34:34 во последните секунди од тимот со силен скок-шут преку целиот тим на Еурофарм Пелистер успеа да го совлада Никола Митревски и ги постави конечните 34:35 за голема победа на Вардар.

Најдобар стрелец за Еурофарм Пелистер беше Дејан Манасков со десет гола, а го следете Филип Кузмановски со девет реализации, додека пак кај Вардар најдобар беше Младен Крсманчиќ со 11 гола, а по седум гола имаа херојот Дмитро Хориха и Вуко Борозан со по седум гола.

Македонскиот ракомет сега има нов лидер, а тоа е Вардар со 12 бодови на своето конто, додека пак Еурофарм Пелистер е втор со 11 бодови. На третото место на табелата е Алкалоид со осум бодови.

Во следното коло Вардар ќе гостува во Автокоманда каде ќе го игра скопското дерби со Алкалоид, а па Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на Тиквеш.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!