Денес беше комплетирано 16. коло на Трета лига – Југозапад, но еден натпревар не се одигра, тој во Дебар. Сатеска после хаосот од претходното коло денес не допатува во Дебар каде требаше да го одигра натпреварот со Кораб, па тоа значи дека екипата на Кораб овој меч го добива службено.
Реми без голови (0:0) и поделба на бодовите е исходот од мечот меѓу Света Троица и Славеј од Мешеишта, меч кој се играше на теренот со вештачка трева при СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.
Демир Хисар ремизираше со Евротип на домашен терен играјќи 1:1. Домашниот тим преку Стефан Каревски дојде до 1:0 на полувреме, а на стартот од второто полувреме Антонио Марцевски ги постави конечните 1:1.
Влазними преку Денис Шадов кој постигна хет-трик го декласираше Кравари со 4:1. За домашниот тим стрелец беше и Сокол Арифи, а пак за гостинот единствен стрелец беше Тоше Беделовски.
Како што веќе информираше Спортска Мрежа, вчера Преспа со 5:1 го надигра во целост Караорман на домашен терен, а извештајот од тој натпревар е достапен овде.
Во рамки на ова рунда слободна беше екипата на Велешта.