Трета лигаФудбал

Речица триумфираше над Ренова, Влазерими и Зајази со убедливи победи, еден натпревар не се одигра!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Денес беа одиграни натпреварите од 20. коло на Трета лига – Запад, а кое коло ќе се комплетира со натпреварот меѓу Добришти и лидерот Тетекс кој се игра во понеделник.

Натпреварот во Кичево меѓу Напредок и Велазерими Слатино не се одигра, бидејќи гостинот не се појави на теренот, ова ќе значи службена победа за некогашниот прволигаш од Кичево.

Влазерими убедливо го доби Љуботен во Желино во меч со седум гола за победа на гостинот од Кичево од 2:5. За домаќинот стрелци беа Тошевски во првиот дел и Костадиновски во вториот дел, додека пак за гостинот Имери беше стрелец на три гола, а по едел гол постигна Ибраими и Адили.

Ренова на домашен терен загуби од Речица, во меч каде за „гипсарите“ стрелец беше Јован Богдановски, кој си постигна и автогол, а за гостинот погоди Арѓент Зибери.

Вардар Брвеница на домашен терен загуби од екипата на Зајази со резултат од 1:3. Марио Спировски беше стрелец за домашниот тим, а пак за гостинот двапати погоди Шабан Ќерими, а еднаш погоди Агон Хашими.

Дрита и Џепчишти ги поделија бодови откако ремизираа во натпревар со шест гола (3:3). Хузри Џемаили беше двоен стрелец за домаќинот, а еден гол постигна Брендим Рушити, а пак за гостинот Беким Садики беше двоен стрелец, а третиот гол беше делот на Арсим Зубери.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!