Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Еве го голот кој за Воска Спорт е спорен и моментот кога домашниот тим се повлече од терен!

Сподели
Сподели

Натпреварот меѓу Воска Спорт и Вардар не се доигра откако домашниот тим одлучи да се повлече во 76. минута при резултат од 1:1 и со тоа натпреварот не продолжи.

Воска Спорт преку Осеи Клинтон во 18. минута повеќе со 1:0, а Вардар преку Филип Дураноски израмни во 70. минута. Сепак, домашните беа револтирани од голот и негодуваа дека е гол, па по неколку минути игра играчие на Воска Спорт се повлекоа од теренот.

Судиската тројка од Стојанче Стојанов од Штип кој беше главен судија и неговите помошници Александар Ѓорѓески од Тетово како прв помошник и Мартин Петкоски од Куманово како втор помошник останаа на теренот и чекаа уште петнаесетина минути, но капитенот и претстаник на домашниот тим известил дека нема да го продолжат натпреварот.

  • ГОЛОТ НА ВАРДАР, КОЈ ЗА ВОСКА СПОРТ Е СПОРЕН И МОМЕНТОТ КОГА ВОСКА СЕ ОДЛУЧИ ДА НЕ ПРОДОЛЖИ ДА ИГРА:

Воска Спорт излезе и со соопштение веднаш после натпреварот, во прилог целосното соопштение на прволигашот од Охрид.


„ФК Воска Спорт го изразува свој револт, информирајќи ја Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за спорните одлуки на судиите на последниот натпревар што се одигра меѓу нашиот тим и Вардар.

Од првата минута на натпреварот, нашите играчи не беа еднакви на теренот со противничките играчи поради низа неправедни судиски одлуки, кои значително влијаеја на текот на играта и на резултатот од натпреварот. Судиите постојано носеа спорни одлуки, што доведе не само до нефер игра, туку и до серија неоправдани опомени и казни за нашите играчи.

За жал, поради овие сериозни неправди, во 76-та минута нашиот тим беше принуден да се повлече од игра. Веруваме дека тоа беше единствената можна одлука за заштита на правата на нашите играчи и за спречување на понатамошно нарушување на спортскиот интегритет.

Во таа насока, бараме од ФФМ да ги разгледа спорните одлуки на судиите и да преземе мерки за да се спречат вакви ситуации во иднина. Се надеваме дека ќе биде спроведена детална истрага за судиските одлуки и ќе се обезбеди фер и еднаква игра за сите екипи.

Во исчекување на вашата реакција и понатамошни насоки, ви благодариме за разбирањето.

Со почит,
Воска Спорт“

Капитенот и претставник од домашната екипа известиле дека нема да го продолжат натпреварот.

„Натпревар организиран по Правила и пропозиции на ФФМ. Домашната екипа во 76 минута го напушти теренот, судиската тројка и гостинската екипа останаа на теренот и по чекање од петнаесетина минути, капитенот и преставникот од домашната екипа не извести дека нема да го продолжат натпреварот“, се вели во делот за примедби од делегатот на записникот.

Повеќе од извесно е дека натпреварот ќе биде регистиран со службени 0:3 за Вардар, еве што вели членот 86 од Правилникот за натпреварување на Фудбалската федерација на Македонија.

„Доколку екипата или дел од екипата направила прекин на натпреварот напуштајќи го теренот а натпреварот од тие причини не можел да продолжи органот кој го води натпреварувањето ќе донесе одлука со која натпреварот ќе се регистрира со службен резултат 3:0 во корист на противничката екипа доколку до прекинот не е постигнат подобар резултат за противничката екипа.“

Овој гол е чист пример зошто е потребна ВАР-технологијата, а која се најавуа дека ќе се имплементира за следната сезона.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски славеше со Олимпија Љубљана: Марин влезе во игра и даде гол за три бода!

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски стигна до нов триумф во шампионатот на Словенија,...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона

Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона 2026/2027 во Трета...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Беласица го промовираше Филип Михаилов

Второлигашот Беласица го претстави Филип Михаилов како најново засилување за сезона 2026/2027....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!