Трета лигаФудбал

(ВИДЕО) Преспа ништо не ја запира: Пластиновски со хет-трик против Караорман, атракција на Скепаровски!

Сподели
Сподели

Лидерот Преспа продолжува во одлична победничка форма кон потврда на првото место, подигање на шампионскиот пехар во Трета лига – Југозапад и обезбедување на баражот за можен пласман во Втората македонска фудбалска лига.

Преспа на Градскиот стадион во Ресен пред својата публика со убедливи 5:1 го декласираше ланскиот второлигаш Караорман од Струга.

Домаќинот преку искусниот голгетер Нико Пластиновски го отвори резултатот за водство од 1:0 во 15. минута од мечот, а четири минути подоцна гостинот од Струга преку капитенот Ивица Ќелешоски израмни на 1:1 со гол од белата точка.

Сепак, само една минута подоцна Преспа одново дојде до водство кога Александар Поповски постигна гол за 2:1, резултат со кој се замина и на полувреме.

Во второто полувреме Пластиновски со втор гол зголеми на 3:1 во 54. минута, само две минути подоцна Игор Скепаровски со одличен топовски удар ја стресе мрежата на Караорман за убедливи 4:1.


Во 64. минута од искусниот капитенот Пластиновски постигна уште еден гол за хет-трик и потврда на убедливата победа од 5:1 над Караорман.

Колото ќе се комплетира утре со останатите натпревари.

  • СИТЕ ПЕТ ГОЛА НА ПРЕСПА ВО УБЕДЛИВАТА ПОБЕДА НАД КАРАОРМАН:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!