Трета лигаФудбалЧетврта лига

ФОТО: Третолигашот Светлост Зрновци подобар на тестот со Тополка

Сподели
Сподели

Екипата на Светлост од Зрновци одигра нов пријателски натпревар против четвртолигашот Тополка, каде третолигашот со 3:2 беше подобар противник.

Искусниот Влатко Коцев во 24. минута постигна гол за 1:0, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Илија Шуманов во 60. минута стрелаше за 2:0, а пак Стефан Стефановски четири минути подоцна погоди за високи 3:0.

Тополка преку Виктор Картинов во 77. минута намали на 3:1, а пак Матеј Димовски во 84. минута ги постави конечните 3:2 на пријателскиот меч кој се играше на теренот во Зрновци.

Екипата на Светлост Зрновци на 2. март ќе ја одигра „генералката“ против лидерот во Трета лига – Исток, Слога Виница пред почеток на пролениот дел, кој е закажан за 9. март.

Екипата на Светлост од Зрновци пролетниот дел го отвара на домашен терен против Овче Поле, а есенскиот дел го заврши на осмото место со осум бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската женска фудбалска репрезентација У-19 ги дозна ривалите во квалификациите за ЕП 2026

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години ги дозна противниците во завршната квалификациска рунда за пласман на Европското првенство кое ќе се...

Втора лигаФудбал

Кој резултат му одговара на Осогово за да презими како седми?

Утре со натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Скопје кој се игра на Градскиот стадион во Радовиш ќе се комплетира есенската полусезона, а од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Кој резултат му одговара на Осогово за да презими како седми?

Утре со натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Скопје кој се игра на...

Втора лигаФудбал

Беласица ќе го чека исходот од мечот меѓу Детонит Плачковица и Скопје, еве зошто!

Утре конечно ќе се комплетира и затвори есенската полусезона во Втората македонска...

ИнтернационалциФудбал

Признание за Филип Поповски делегат на вчерашното мега-дерби Реал Мадрид – Манчестер Сити

Филип Поповски повторно ја потврди својата репутација на врвен македонски фудбалски професионалец...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица послаб за најдобриот стрелец Сашо Дуков!

Со утрешниот меч меѓу Детонит Плачковица и Скопје ќе се затвори официјално...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!