Втора лигаФудбал

Победничката „фотка“ на Победа, Борец одново е два чекори назад за директен опстанок!

Сподели
Сподели

Фудбалерите на Победа вчера во Велес забележаа минимална (0:1), но огромна победа против Борец во дербито од долниот дел на табелата, во дерби на два екс прволигаши и во дерби за опстанок во Втората лига.

Победа сега одново се врати на 12-тото место со 19 бодови и има десет повеќе од бараж зоната каде е Осогово односно 14-тото место, а дури 13 повеќе од зоната за директно испаѓање односно 15-тото место каде што е Борец  со шест бодови.

Прилепскиот тим сега е на добар пат да обезбеди опстанок порано и со тоа да има мирна завршница од сезоната, а пак Борец ќе биде во позиција каде ќе се сведува на борба за тоа 14-то место односно борба за баражот заедно со Осогово.

„Жетварите“ пак извлекоа тежок бод, златен бод од Автокоманда, каде на „Железарница“ одиграа 0:0 против фаворитот Скопје и со тоа Осогово сега има девет бодови, но и натаму е во бараж зоната со три повеќе Борец.

Ќе биде навистина неизвесна и тешка борба за Вардарски, кој е на дното со пет бодови, но се чини дека ова екипа иако комплетно го промени ростерот ќе нема капацитете за опстанок, Борец и Осогово ќе биде до последно коло до таа борба за баражот, а пак Вардар Неготино и Победа сега имаат позиција каде ќе завист сами од себе и со неколку победи во следните кола ќе го потврдат опстанокот.

Притисокот секако ќе биде кај Борец и Осогово, а пак Вардар Неготино и Победа веќе имаат лагодност и имаат право на „грешки“, но сигурно е дека не би сакале да ги имаат тие грешки.

Во следното коло Вардарски дома ќе игра со Детонит Плачкоица, Новаци ќе го пречека Борец, Осогово ќе биде домаќин на Кожуф, Вардар Неготино ќе игра против Скопје.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!