Трета лигаФудбал

Третолигашите Славеј и Свети Троица ќе одиграат пријателски натпревар во Мешеишта

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Во рамки на зимските подготовките за вториот дел од сезоната во Трета лига – Југозапад, новајлиите Славеј и Свети Троица ќе одиграат пријателски натпревар во Мешеишта.

Двете екипи во вториот дел од сезоната ќе се борат за што подобар пласман на табелата, а главната цел е рано обезбрдување на опстанок во Трета лига – Југозапад и мирна завршница од сезоната.

Натпреварот е закажан за во недела од 14:30 часот, а истиот ќе се одигра на теренот во село Мешеишта.

Пролетната полусезона во Трета лига – Југозапад ќе започне на 9. март со натпреварите од 12. коло, а во првото пролетно коло Славеј на домашен терен ќе игра против Велешта, а Света Троица ќе биде домаќин на лидерот Преспа од Ресен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на...

ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!