Ракомет

Бобан Попов се врати во Текстилец, покрај играч ќе биде и тренер на младинските категории

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Текстилец за новата сезона го претстави Бобан Попов како нов играч, а ппвратникот во својот матичен клуб ќе ги води и младите категории.

Попов со свое долгогодишно искуство и постигнувања во Македонија и европските лиги, претставува големо засилување за штипскиот прволигаш, повеќе од јасно е дека со своето искуство Попов ќе донесе свежина и квалитет кај Текстилец.

Попов во својата кариера како играч освои титули во сите категории од пионери до сениори во Македонија, сега ќе работи на развој на младите ракометари на Текстилец.

“Неговиот пристап ќе се фокусира на унапредување на моторичките способности, физичката и техничката подготвеност, како и на психолошката стабилност и тимскиот дух на младите играчи. Со своето искуство стекнато во Португалија, Холандија и Германија, Попов ќе внесе нови методи и иновации во тренерската практика на клубот. Неговата цел е да создаде силни и конкурентни тимови преку интегрирање на современи тренерски техники и фокусирање на целосниот развој на играчите”, велат од РК Текстилец.

Текстилец во новата сезона во Првата лига ќе настапува во групата Б со екипите на Вардар Неготино, Скопје, Младост од Богданци, Шампион Македонија Ѓорче Петров, Партизан од Гевгелија, Преспа Вардар од Ресен и екипата на Драчево.

Во рамки на 1. коло Текстилец ќе гостува во Неготино кај Вардар.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика....

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената...

Поврзани написи
Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза...

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата...

Ракомет

Куп: Младост го декласираше Текстилец, конечно радост за Радовиш, фаворитите според планот

Вечерва се одиграа натпреварите од првата елиминациска фаза во ракометниот Куп на...

Ракомет

Митревски блескаше, Пелистер до херојски бод во Данска!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер освои бод на тешкото гостување кај ГОГ Гудме,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!