Ракомет

Митревски блескаше, Пелистер до херојски бод во Данска!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер освои бод на тешкото гостување кај ГОГ Гудме, ремизирајќи 28-28 во 12. коло од Лигата на шампионите. Со овој резултат битолчани остануваат во игра за осминафинале, иако шансите се сведени на теорија.

Пелистер сега има пет бода и е седмопласиран, додека данскиот тим е на девет. Во пресметката за следната фаза е и ПСЖ со осум бода, па разврската ќе зависи од резултатите во наредните две кола.

Натпреварот не почна добро за македонскиот претставник. Домаќините отворија со 4-1, а разликата порасна и на плус четири (9-5). Никола Митревски со неколку клучни интервенции спречи уште поголема негатива, но на пауза се замина со 15-11 за ГОГ.

Во вториот дел Пелистер заигра поофанзивно и полесно доаѓаше до погодоци. Пешевски намали на 23-21, а драмата кулминираше во последните десет минути. По неколку пропуштени напади на двете страни, следуваше израмнување на 24-24, а потоа и целосен пресврт со гол за 25-24 во корист на битолчани.

Сепак, данскиот тим возврати преку Лике и повторно поведе. Во финишот Граховац донесе ново реми (28-28), по што домаќините имаа последен напад. По ВАР проверка беше досуден само удар од девет метри, кој заврши во блокот – за конечна поделба на бодовите.

Митревски мечот го заврши со 13 одбрани, Видомски беше најефикасен со седум гола, а по шест додадоа Граховац и Кузмановски. Кај ГОГ, Митун постигна седум погодоци.

Следниот предизвик за Пелистер е домашниот дуел против ПСЖ на 4 март – меч што може да ја одреди целата европска судбина на битолчани.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а сега сака и нова три бода против екипата на Скопје. Капитенот...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат со духот и се надеваат дека многу брзо ќе успеа да...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!