Прволигашот Тиквеш го Кавадарци го засили својот ростер за пролетниот дел од сезоната со 32-годишниот хрватски центарфор Филип Михаљевиќ.
Новиот играч на кавадарчани доаѓа како слободен играч од босанскиот клуб ГОШК Габела, каде што минатата сезона настапуваше во шампионатот на Босна и Херцеговина.
Во својата кариера Михаљевиќ има настапувано за Динамо Загреб, Сесвете, Локомотива Загреб, Широки Бријег, Локо Пловдив, Видзев Лоѓ и Фин Харпс.
Тиквеш пролетната полусезона ја отвара против Силекс во Кратово, што ќе биде вистински тест за овој тим во борбата за опстанок во пролетниот дел против лидерот.