Прва лигаФудбал

Тренерот Ислер прозиваше, Воска Спорт ги започна подготовки за опстанок во Прва лига!

Сподели
ФОТО: ФК Воска Спорт
Сподели

Охридскиот прволигаш Воска Спорт ги започна подготовките за пролетната полусезона во која клубот ќе води борба за опстанок во фудбалската елита на Македонија.

Новиот турски тренер Сафет Ислер денес го имаше првиот собир со играчите на „Грашница“ покрај Охридското Езеро, каде фудбалерите на охридскиот клуб го имаа и првиот тренинг во Новата 2025 година.

Клубот првиот дел од подготовките ќе го одработи во Охрид, а потоа главната фаза ќе се одработи во Анталија, Турција, каде ќе се одиграат и неколку пријателски натпревари преку кои ќе се бруси формата за пролетните предизвици.

Во следните денови според информациите на Спортска Мрежа во Воска Спорт ќе пристигнат неколку нови засилувања. Екипата презиминува на последното место на табелата со 12 бодови, а пролетниот дел го отвра на домашен терен против Беса, па тоа ќе биде дерби од долниот дел на табелата во борбата за опстанок и на двете екипи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!