Ракомет

Мате: Не е готово, мораме да дадеме 100% и на реваншот!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид ја оправда фаворитската улога во првиот натпревар против Драгунас Клаипеда од третото коло на ЕХФ Европскиот Куп, совладувајќи го литванскиот претставник со убедливи 30-19. „Гладијаторите“ направија значителна разлика пред реваншот, откако во второто полувреме ја презедоа целосната контрола и со силна завршница стигнаа до двоцифрена предност.

Еден од најрасположените во охридскиот состав беше Доминик Мате, кој заедно со Никола Зечевиќ постигна по седум гола. Во изјава за Спортска Мрежа, Мате смета дека почетокот не бил според посакуваното, бидејќи тимот се обидел со одредени новини во играта, но промената на ритамот во продолжението донела резултат. Сепак, нагласува дека високата победа не смее да биде причина за опуштање пред вториот дуел.

„Очекувавме тежок натпревар. На почетокот испробавме некои нови работи во играта, но не одеше баш најдобро, па противникот беше цело време во игра. Но потоа, во второто полувреме го сменивме ритамот и успеавме да направиме добра гол-разлика пред утрешниот натпревар. Сепак, сè уште ништо не е готово, па мора да дадеме 100% и утре и, секако, на домашен терен да се обидеме да победиме.”- изјави Мате за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид има предност од 11 погодоци пред вториот натпревар, кој ќе се одигра утре од 18:00 часот во „Билјанини Извори“. И покрај убедливиот триумф, „гладијаторите“ ќе мора да го задржат потребното ниво на концентрација и уште еднаш да ја потврдат својата надмоќ за да обезбедат пласман во следната рунда на ЕХФ Европскиот Куп.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера со шестка за „фенерџијата“ Кочани, Драгана Костова со два гола ги „закачи копачките“

Во 14. коло од Првата женска фудбалска лига, кое воедно е и последно во есенскиот дел од сезоната 2026/27, на четирите досега одиграни...

Кошарка

Работнички незапирлив, МЗТ убедлив против Штип, Кожув со пресврт во Струмица, Пелистер славеше во Битола!

Осмото коло од кошаркарската МТЕЛ Суперлига донесе четири интересни натпревари, во кои Работнички ја продолжи победничката серија, МЗТ Скопје Аеродром се врати на...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ: Покажавме карактер и стигнавме до плус 11 пред реваншот!

ГРК Охрид ја отвори вратата кон следната фаза од ЕХФ Европскиот Куп...

Ракомет

ФОТО: Богданци експлодира од радост! Младост ја запиша првата сезонска победа, „Млаз“ грмеше по триумфот над Струга!

Конечно радост во Богданци! Ракометарите на Младост 1977 ја забележаа првата сезонска...

Ракомет

Охрид го скрши отпорот на Драгунас и се доближи до следната рунда!

Едно од најдобрите изданија на ГРК Охрид во завршните минути му донесе...

Ракомет

Алкалоид сака европско продолжение по големиот триумф над Пелистер!

Ракометарите на Алкалоид со позитивна атмосфера и дополнителна самодоверба го очекуваат следниот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!