Викендов се одиграа вторите турнири во машката младинска конкуренција, по кои Штип УГД во групата А и Струмица 47&72 во групата Б се единствените екипи што сè уште немаат пораз.
Во групата А, штипјани продолжија со одличните настапи и покрај тоа што во дуелот со еден од главните конкуренти, ГОК Борец, загубија еден сет и останаа без максимален број бодови. Со освоени 11 бода, Штип УГД се наоѓа на првото место на табелата.
Актуелниот младински шампион Работнички 71&22 е второпласиран, со подобар поен-количник од ГОК Борец. Двете екипи имаат идентичен учинок од две победи и два пораза, како и сооднос од 5:4 во освоените и загубените сетови. Шкендија, исто така, има две победи и два пораза, но досега освои пет бода.
Универзитет во Тетово втор викенд по ред не се појавува на турнир. Со оглед на тоа што екипата има три неодиграни натпревари, според пропозициите следуваат суспензија и дисциплинска постапка.
Во групата Б, Струмица 47&72 има максимален ефект од четири победи на четири натпревари, при што освоила осум сета и вкупно 12 бода, со што убедливо ја предводи конкуренцијата.
Најнеизвесниот дуел на вториот турнир го одиграа Весна Пробиштип и Јанта Волеј мажи, а средбата заврши со резултат 2:1. Со овој триумф, тимот од Пробиштип се искачи на втората позиција на табелата.
Македонија Џио имаше половичен учинок на вториот турнир и со пет освоени бода се наоѓа на третото место, додека Јанта Волеј мажи во моментов е четвртопласиран во групата Б.
РЕЗУЛТАТИ, ВТОР ТУРНИР, МЛАДИНЦИ
ГРУПА А
ГОК Борец – Штип УГД 1:2 (25:23, 30:32, 10:15)
Штип УГД – Работнички 71&22 2:0 (25:21, 25:22)
Универзитет во Тетово – Работнички 71&22 0:2сл.
Шкендија – Универзитет во Тетово 2:0сл.
ГОК Борец – Шкендија 2:0 (25:19, 25:23)
ТАБЕЛА
1.Штип УГД 4 4 0 8:1 11
2. Работнички 71&22 4 2 2 5:4 7
3. ГОК Борец 4 2 2 5:4 7
4. Шкендија 4 2 2 4:5 5
5. Универзитет во Тетово 4 0 4 0:8 0
ГРУПА Б
Струмица 47&72 – Македонија Џио 2:0 (25:20, 25:14)
Јанта Волеј мажи – Македонија Џио 0:2 (12:25, 18:25)
Весна Пробиштип – Јанта Волеј мажи 2:1 (26:28, 25:18, 15:5)
Струмица 47&72 – Весна Пробиштип 2:0 (25:12, 25:15)
ТАБЕЛА
1.Струмица 47&72 4 4 0 8:0 12
2.Весна Пробиштип 4 2 2 5:5 6
3. Македонија Џио 4 2 2 4:5 5
4. Јанта Волеј мажи 4 0 4 1:8 1