Останати репрезентацииРепрезентација

Злато за Далија Стојановска и бронза за Оља Цветанова на Балканското CX првенство во велосипедизам

Сподели
Сподели

Македонската велосипедска репрезентација имаше успешен настап на Балканското CX првенство, кое се одржа во Романија, освојувајќи два медала и остварувајќи неколку забележителни пласмани во различни возрасни категории.

Најголемиот успех го оствари Далија Стојановска, која се закити со златниот медал во категоријата У-19, потврдувајќи го својот квалитет во конкуренција на најдобрите балкански натпреварувачки. Успешниот настап на македонската репрезентација го надополни Оља Цветанова, која се избори за бронзениот медал во категоријата У-15, со што Македонија имаше свои претставници на пиедесталот во две возрасни конкуренции.

Покрај освоените медали, македонските велосипедисти забележаа и неколку добри резултати. Марко Чекеровски го освои петтото место во категоријата У-17, додека Кирил Анчевски го заврши настапот на седмата позиција во конкуренција У-23. Седмото место во категоријата У-19 му припадна на Мартин Спасевски.

Репрезентацијата настапи под водство на селекторот Милан Нацевски, а освоените злато и бронза, заедно со пласманите на останатите македонски натпреварувачи, претставуваат убав резултат за македонскиот велосипедизам на регионалната сцена.

Македонските велосипедисти од Романија се враќаат со медали, вредно искуство и уште една потврда дека можат рамноправно да се натпреваруваат со конкуренцијата на балканско ниво

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

Уште само пет слободни места за новогодишниот турнир во Демир Хисар – награден фонд од 180.000 денари!

Интересот за новогодишниот турнир во мал фудбал во Демир Хисар е голем, а организаторите информираат дека остануваат уште само пет слободни места за...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 19 години со драматична победа над Малта за крај на квалификацискиот турнир

Репрезентацијата на Македонија до 19 години со победа од 3-2 против Малта го заврши настапот на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство....

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

По шесте порази, Македонија чека нова шанса: во петок ждрепка за опстанок во Б-дивизијата

Македонската фудбалска репрезентација ја затвори групната фаза во Лигата на нации без...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!