Ракомет

Зечевиќ: Покажавме карактер и стигнавме до плус 11 пред реваншот!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид ја отвори вратата кон следната фаза од ЕХФ Европскиот Куп со убедлив триумф над Драгунас Клаипеда од 30-19 во првиот натпревар од третото коло. Иако почетокот не беше идеален за македонскиот претставник, „гладијаторите“ постепено го пронајдоа вистинскиот ритам, ја презедоа контролата и со силна завршница стигнаа до предност од 11 гола пред реваншот.

Никола Зечевиќ, кој беше еден од најрасположените ракометари во охридскиот состав со седум постигнати погодоци, во разговор за Спортска Мрежа, смета дека тимот успеал да ја надмине почетната несигурност благодарение на заедништвото, карактерот и позитивната енергија. Токму тие елементи, според него, биле пресудни за да се наметне посакуваната игра и да се обезбеди убедлива предност.

„Не го отворивме баш најдобро овој натпревар, но сметам дека успеавме да го задржиме карактерот и добрата енергија и тоа мораше во еден момент да се покаже на теренот. Така отидовме со шест гола предност на полувреме. Се држевме, и контролиравме во второто полувреме и само во еден момент го свртевме натпреварот во наша корист и еве – имаме добри единаесет гола разлика пред реванш-мечот утре.“- изјави Зечевиќ за Спортска Мрежа.

Охрид сега има предност од 30-19 и одлична позиција пред вториот дуел со литванскиот претставник. Реваншот е закажан за утре во 18:00 часот, повторно во „Билјанини Извори“, каде што „гладијаторите“ ќе имаат можност пред својата публика да ја потврдат победата и да го заверат пласманот во следната рунда.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера со шестка за „фенерџијата“ Кочани, Драгана Костова со два гола ги „закачи копачките“

Во 14. коло од Првата женска фудбалска лига, кое воедно е и последно во есенскиот дел од сезоната 2026/27, на четирите досега одиграни...

Кошарка

Работнички незапирлив, МЗТ убедлив против Штип, Кожув со пресврт во Струмица, Пелистер славеше во Битола!

Осмото коло од кошаркарската МТЕЛ Суперлига донесе четири интересни натпревари, во кои Работнички ја продолжи победничката серија, МЗТ Скопје Аеродром се врати на...

Поврзани написи
Ракомет

Мате: Не е готово, мораме да дадеме 100% и на реваншот!

ГРК Охрид ја оправда фаворитската улога во првиот натпревар против Драгунас Клаипеда...

Ракомет

ФОТО: Богданци експлодира од радост! Младост ја запиша првата сезонска победа, „Млаз“ грмеше по триумфот над Струга!

Конечно радост во Богданци! Ракометарите на Младост 1977 ја забележаа првата сезонска...

Ракомет

Охрид го скрши отпорот на Драгунас и се доближи до следната рунда!

Едно од најдобрите изданија на ГРК Охрид во завршните минути му донесе...

Ракомет

Алкалоид сака европско продолжение по големиот триумф над Пелистер!

Ракометарите на Алкалоид со позитивна атмосфера и дополнителна самодоверба го очекуваат следниот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!