Трета лигаФудбал

(ФОТО) Подготовки за новата сезона во Трета лига Регион 5: Семинар за судии, делегати и контролор и состанок со клубовите

Сподели
Сподели

Во просториите на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола беше одржан семинар за судиите, делегатите и контролорите, како и состанок со екипите учесници во Третата лига – Регион 5.

На семинарот беа присутни сите учесници во натпреварувањето под надлежност на Регионалниот фудбалски центар 5 со седиште во Битола. Претседателот на Регион 5, Златко Талевски, им посака успешна сезона на сите клубови, судии, делегати и контролори, со желба за коректно и фер натпреварување.

Во рамките на самиот настан беа поделени и фудбалски топки за екипите кои ќе се натпреваруваат во Третата лига – Регион 5, како дел од поддршката за клубовите и развојот на фудбалот во регионот.

Од Регионалниот фудбалски центар 5 упатија благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до претседателот Масар Омерагиќ за досегашната соработка, поддршката и вложувањето во развојот на фудбалот и создавањето подобри услови за клубовите во регионалните натпреварувања.

Со овој семинар и состанокот со клубовите, Регион 5 и официјално ги заокружува подготовките за новата сезона, која се очекува да донесе нови натпревари, фудбалски возбудувања и борба на терените низ регионот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари,...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта...

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Железарец со голем пораз се врати во елитата, висок пораз од Бутел

Поранешниот шампион на Македонија, Железарец, со пораз се врати во Првата футсал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!