Ракомет

Ракометен ураган во Автокоманда: Алкалоид го ,,разнесе” Ловќен!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Алкалоид стигна до првата победа во Регионалната лига на импресивен начин. Поразот од Партизан е веќе зад скопјани, кои вечерва во Автокоманда го декласираа Ловќен со неверојатни 55-37.

Момците на Кирил Лазаров одиграа ефикасно од самиот почеток и практично го реши победникот уште во првото полувреме. На пауза Алкалоид имаше девет гола предност, 29-20, а во продолжението само ја зголеми разликата.

ФОТО: РК Алкалоид

Со 55 постигнати погодоци, Алкалоид стана првиот тим во Регионалната лига кој ја надмина границата од 50 гола на еден натпревар. Особено впечатливо е што дури 12 ракометари на домаќинот се запишаа во листата на стрелците.

Борзаш беше најефикасен со осум гола, додека Цехте, Ѓорговски и Петковски постигнаа по седум. Кај Ловќен, Мрваљевиќ заврши со седум погодоци.

ФОТО: РК Алкалоид
ФОТО: РК Алкалоид
ФОТО: РК Алкалоид

За Алкалоид ова е прва победа во регионалното натпреварување, а по убедливото издание во Автокоманда, тимот на Лазаров испрати сериозна порака за продолжението на сезоната.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по тешката повреда со која се здоби кон крајот на август. Сега...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се комплетира в недела со четири средби. Познати...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Двајца бисери на ГРК Охрид со репрезентативен повик – Спироски и Трајчески се иднината на клубот!

ГРК Охрид продолжува да потврдува дека во своите младински категории располага со...

РакометРакометна репрезентација

РФМ воведува нов систем за селекција на пионерите, Матлиески го објави првиот список!

Ракометната федерација на Македонија прави нов чекор во развојот на младинскиот ракомет,...

Ракомет

Алкалоид го декласираше Прилеп со десет гола разлика

Алкалоид без проблеми го доби Прилеп за осми сезонски триумф откако во...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе го судат вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер!

Ракометната федерација на Македонија ја довери судиската одговорност за едно од најголемите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!