Прва лигаФудбал

Прволигашот Тиквеш се засили со млад македонски репрезентативец

Сподели
ФОТО: ФК Тиквеш
Сподели

Фудбалскиот клуб Тиквеш продолжува со реализација на својата стратегија за развој и промоција на млади фудбалери. Кавадаречкиот прволигаш го официјализираше ангажманот на млад стопер и репрезентативец на Македонија до 21 година.

Станува збор за фудбалер кој важи за перспективен дефанзивец и во Тиквеш треба да претставува засилување за одбранбената линија, но и инвестиција за иднината на клубот.

Од Тиквеш потенцираат дека продолжуваат да веруваат во младите играчи и да создаваат услови за нивен развој.

„Продолжуваме со нашата визија — да веруваме во младоста, да инвестираме во потенцијалот и да ја градиме иднината на Тиквеш. За нас, младите не се само иднината. Тие се сегашноста во која инвестираме“, порачаа од клубот.

Со овој трансфер, Тиквеш уште еднаш покажува дека фокусот е ставен на создавање конкурентен тим, но и на долгорочна работа со млади и перспективни македонски фудбалери.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!