Ракомет

Три од три за Охрид, по триумфот во Панчево!

Сподели
Сподели

Охрид останува со максимален ефект во Регионалната лига. „Гладијаторите“ вечерва славеа на гостувањето кај Динамо Панчево со 30-28 и го завршија регионалниот мини-серијал со три победи од три натпревари.

Домашниот тим имаше предност на полувремето од 15-13 и во првиот дел во неколку наврати водеше со четири гола, но Охрид направи пресврт по паузата. Избраниците на Борис Ројевиќ постепено ја презедоа иницијативата и со серија подобри минути стигнаа до водство од 22-19.

Панчево не се предаде и успеваше да се приближи, но охриѓани во клучните моменти беа поконцентрирани. При 28-26, Дино Славиќ со важна одбрана му овозможи на својот тим да го задржи водството, а Стрмљан потоа погоди за 29-26 и го трасираше патот кон новиот триумф.

Најефикасен кај Охрид беше Доминик Мате со осум гола, Стрмљан постигна пет, додека Савревски и Кеита запишаа по четири.

Охрид со три победи го затвора настапот во Регионалната лига, а следниот голем предизвик за „гладијаторите“ е Супер купот против Вардар.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!