Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со четири гола ја „потопи“ Брегалница и се врати на победничкиот пат

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Екипата на Струга Трим Лум забележа убедлива победа на домашен терен, совладувајќи ја Брегалница со 4-0 во рамките на петтото коло од Првата македонска фудбалска лига.

По поразот од Шкендија во претходното коло, стружани одиграа зрело и ефикасно, особено во вторите 45 минути, кога целосно го скршија отпорот на гостите од Штип.

Струга поведе во 14. минута. По една ситуација во шеснаесетникот на Брегалница, топката дојде до Малески, кој од непосредна близина ја затресе мрежата за 1-0.

Офанзивецот продолжи со одличната голгетерска серија и повторно се запиша во листата на стрелци.

Брегалница не се предаде по примениот гол и во продолжението од првиот дел успеа да воспостави поголема контрола врз играта. Штипјани имаа неколку ситуации пред голот на домаќинот, но не успеаја да создадат доволно сериозна опасност за израмнување. Најдобрата можност ја имаше Стојанов, кој по центаршут од десната страна не успеа да упати квалитетен удар.

Сепак, надежите на гостите траеја кратко по паузата. Во 47. минута Рајков при обид да ја расчисти опасноста несреќно ја испрати топката кон Малески, кој без двоумење ја искористи грешката и со својот втор погодок зголеми на 2-0.

Само неколку минути подоцна Струга постигна и трет гол. По длабочинска топка, Јашар не реагираше најдобро, а топката го прескокна. Тоа го искористи Хамонд Агама, кој веднаш по влегувањето во игра го имаше идеалниот деби контакт со топката и погоди за 3-0.

Со убедливата предност, домашниот состав рутински го приведе натпреварот кон крајот, а во 75. минута стигна и четвртиот погодок. Шабани се одлучи за удар од дистанца и со прецизна реализација ги постави конечните 4-0.

Струга Трим Лум со сигурна и убедлива игра во второто полувреме стигна до нови три бода и експресно се врати на победите, додека Брегалница од Струга си заминува со тежок пораз и четири примени голови.

Сподели

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

РФМ воведува нов систем за селекција на пионерите, Матлиески го објави првиот список!

Ракометната федерација на Македонија прави нов чекор во развојот на младинскиот ракомет, воведувајќи поинаков модел за следење и селектирање на најперспективните ракометари во...

Ракомет

Алкалоид го декласираше Прилеп со десет гола разлика

Алкалоид без проблеми го доби Прилеп за осми сезонски триумф откако во Автокоманда тимот на Кирил Лазаров беше убедлив со 37:27 со што...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица непоразена, но со седум ремија: Работнички пред незгоден тест во трката за врвот

Десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига носи различни предизвици за водечките...

Прва лигаФудбал

Пет бода меѓу првите четири: Вардар и Струга во директна пресметка, Шкендија на испит во Штип

Дванаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига може повторно да ја промени...

КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!