Прва лигаФудбал

ВАР погреши, Шкендија оштетена: ФФМ најави санкции за судиите Трпчевски и Петковски!

Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија призна дека е направена сериозна судиска грешка на натпреварот на Шкендија, каде што при резултат 0:0 во 37. минута беше поништен регуларен гол на тетовскиот тим.

Од ФФМ објаснуваат дека напаѓачот на гостинската екипа во моментот на додавањето се наоѓал во дозволена, односно „онсајд“ позиција. Првиот помошен судија, согласно ВАР протоколот, правилно дозволил да продолжи акцијата, која завршила со гол, но потоа погрешно сигнализирал офсајд.

Ситуацијата била разгледана и од ВАР-судиите, кои започнале постапка за цртање офсајд линии поради тесната ситуација. Сепак, при завршувањето на постапката направиле клучна грешка, бидејќи не забележале дека последниот дел од телото на напаѓачот не бил понапред од претпоследниот одбранбен играч на домашната екипа.

„За жал, согласно Правилата на фудбалската игра и ВАР протоколот, несфатливо е како искусен меѓународен судија може да погреши во вака очигледна ситуација, но судиските грешки биле, се и ќе останат составен дел од фудбалската игра“, се наведува во објаснувањето.

Од ФФМ дополнително информираат дека ВАР-судиите ќе бидат санкционирани за оваа клучна погрешна проценка, односно за неправилно завршениот процес на цртање офсајд линии.

Санкцијата ќе биде изречена согласно Правилникот за судии и судење, по завршувањето на целосната анализа на тековното коло од страна на Судискиот одбор.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по тешката повреда со која се здоби кон крајот на август. Сега...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се комплетира в недела со четири средби. Познати...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска...

ФудбалФутсал

Кеги Моби убедлив против СЕЕ Университи, трите бодови во Велес

Кеги Моби триумфираше над СЕЕ Университи и во Велес се враќа со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!