Ракомет

Пелистер ,,брка” три од три: Дубочица гостува во „Боро Чурлевски“!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер во понеделник ќе го одигра третиот натпревар во Регионалната лига, а по двете победи на стартот, битолчани ќе имаат можност да го задржат максималниот ефект. Во салата „Боро Чурлевски“ гостува Дубочица, воедно последниот домашен натпревар на пелистерци во овој мини-серијал пред почетокот на македонската Супер лига.

Избраниците на Лино Червар досега беа подобри од Партизан и Ловќен, па со две победи го зазедоа врвот и ја потврдија одличната форма во подготвителниот период. Сега пред нив е нова проверка против српскиот претставник Дубочица.

Натпреварот ќе се одигра на 31 август од 18:00 часот во салата „Боро Чурлевски“. Од клубот ги повикуваат навивачите повторно да бидат дел од трибините и да му дадат поддршка на тимот во обидот да продолжи со победничкиот ритам.

Еурофарм Пелистер и Дубочица ќе се соочат во понеделник од 18:00 часот, а битолчани ќе атакуваат на третата последователна победа во Регионалната лига.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по тешката повреда со која се здоби кон крајот на август. Сега...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се комплетира в недела со четири средби. Познати...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Двајца бисери на ГРК Охрид со репрезентативен повик – Спироски и Трајчески се иднината на клубот!

ГРК Охрид продолжува да потврдува дека во своите младински категории располага со...

РакометРакометна репрезентација

РФМ воведува нов систем за селекција на пионерите, Матлиески го објави првиот список!

Ракометната федерација на Македонија прави нов чекор во развојот на младинскиот ракомет,...

Ракомет

Алкалоид го декласираше Прилеп со десет гола разлика

Алкалоид без проблеми го доби Прилеп за осми сезонски триумф откако во...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе го судат вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер!

Ракометната федерација на Македонија ја довери судиската одговорност за едно од најголемите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!