Ракомет

Алкалоид повторно пред домашна публика: Ловќен гостува во Автокоманда!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

РК Алкалоид продолжува со натпреварите во Регионалната лига, а по дуелот со Партизан, скопскиот тим повторно ќе игра пред своите навивачи. Во третото коло во Автокоманда пристигнува црногорскиот претставник Ловќен.

Средбата е закажана за петок, 28 август, со почеток во 19:00 часот. Алкалоид ќе има можност на домашен терен да стигне до позитивен резултат против црногорскиот тим и да запише важни бодови во регионалното натпреварување.

Од клубот ги повикаа љубителите на ракометот да бидат поддршка за тимот од трибините, а влезот за натпреварот ќе биде слободен.

Дуелот со Ловќен ќе биде нова можност за избраниците на Кирил Лазаров да покажат квалитетна игра и да се изборат за првата победа во Регионалната лига.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш во дуелот со Брегалница, додека Силекс повторно остана без победа, откако...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!