Ракомет

Пелистер пресилен за Ловќен: Битолчани стигнаа до +12 и втор триумф!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер продолжува со максимален ефект во Регионалната лига. Битолчани вечерва на домашен терен го совладаа Ловќен со убедливи 45-33 и стигнаа до втората победа во новото натпреварување, по триумфот над Партизан во првото коло.

Уште од почетокот беше јасно дека бодовите ќе останат во Битола. Ловќен го отвори резултатот, но пелистерци веднаш возвратија со серија од 4-0 и ја презедоа контролата врз натпреварот. Во 10. минута домаќините имаа 9-4, а предноста продолжи да расте како што одминуваше првиот дел.

Во финишот на полувремето Еурофарм Пелистер веќе имаше двоцифрена разлика, а на пауза се замина со 24-15. Практично тогаш беше решено прашањето околу победникот, па вторите 30 минути беа можност битолчани да ја одржат контролата и да им дадат шанса на дел од новите засилувања.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Тимот на Лино Червар на крајот стигна до 45 постигнати голови, што го прави првиот состав во Регионалната лига со повеќе од 40 погодоци на еден натпревар. Сепак, примени 33 гола сигурно нема да бидат најомилениот дел од статистиката за хрватскиот стратег.

Капитенот Филип Кузмановски повторно беше лидер на тимот. По 15 гола против Партизан, овојпат постигна 14 погодоци и додаде пет асистенции. Двоцифрен учинок имаше и Ник Хенигман со 10 гола, додека Атанасијевиќ заврши со седум.

Червар овојпат им даде поголема минутажа и на новите играчи, па во листата на стрелците се запишаа Басанезе и Котар, како и Белистојаноски и Калајџиески. На голот својата шанса ја доби и Давид Брестовац.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Пелистер со триумфот од 12 гола разлика го запиша и најубедливиот резултат досега во Регионалната лига. Кај Ловќен, Вујовиќ и Анѓелиќ беа најефикасни со по седум погодоци.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Пилиповиќ, поранешниот голман на охриѓани, меѓу најдобрите во ЛШ!

Името на Кристијан Пилиповиќ повторно се најде во фокусот на европскиот ракомет, овојпат благодарение на неговите статистички достигнувања во Лигата на шампионите. Голманот...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) Димоски: Шкендија има најголем квалитет во лигата, во Штип одиме по трите бодови!

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија, денес ќе гостува во Штип, каде што во рамките на 12. коло ќе ги одмери силите...

Поврзани написи
Ракомет

Пилиповиќ, поранешниот голман на охриѓани, меѓу најдобрите во ЛШ!

Името на Кристијан Пилиповиќ повторно се најде во фокусот на европскиот ракомет,...

Ракомет

Валах меѓу најдобрите голмани во ЛШ!

Голманот на Вардар, Милош Валах, остави силен статистички белег во групната фаза...

Ракомет

„Јане Сандански“ ќе биде исполнета до последно место – распродадени билетите за дербито Вардар – Еурофарм Пелистер!

Македонскиот ракометен класик меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се игра пред...

Ракомет

Охрид сигурен и во Куманово, Ројевиќ и неговите момци впишаа нови бодови!

Ракометарите на Охрид продолжуваат со успешните настапи во Супер лигата. „Гладијаторите“ се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!