Ракомет

Валах меѓу најдобрите голмани во ЛШ!

Сподели
ФОТО: Денис Дуковски
Сподели

Голманот на Вардар, Милош Валах, остави силен статистички белег во групната фаза од Лигата на шампионите, во која се вброи меѓу најуспешните чувари на мрежата во елитното европско натпреварување.

Полскиот интернационалец забележа 53 одбрани, резултат со кој го зазеде осмото место на листата според вкупниот број интервенции. Сепак, уште повисоко котира кога станува збор за процентуалната успешност. Со 33,12% одбранети удари, Валах се најде на четвртата позиција меѓу голманите во групната фаза.

Пред него според бројот на одбрани се Сергеј Ернандез од Барселона со 86, Магнус Петерсен од Архус со 75, Небојша Симиќ од Мелсунген со 74 и Емил Нилсен од Веспрем со 73 интервенции. Кристофер Бонде од Нант и Кристијан Пилиповиќ од Криенс-Луцерн имаат по 58, додека Милјан Вујовиќ од Висла Плоцк е пред Валах со 56 одбрани.

Во категоријата процент на успешност, пред вардаровиот голман се Ернандез со 39,09%, Нилсен со 36,32% и Вујовиќ со 33,94%.

Пласманот меѓу најдобрите голмани во Лигата на шампионите е значаен индивидуален резултат за Валах, особено во конкуренција на голманите на водечките европски екипи. Вардар не успеа да обезбеди место во следната фаза од елитното натпреварување, па европската сезона ќе ја продолжи во Лигата на Европа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Пролет ја доби драмата и славеше над Драчево Јуниор, Аеродром славеше со 20 гола разлика над Сокол Саса, убедлива победа за Овче Поле

Ланскиот суперлигаш Пролет ја доби драмата со Драчево Јуниор во гости откако славеше со 33:34 во мечот од 8. коло на Првата ракометна...

Ракомет

Богданци се мобилизира за првата победа на Младост 1977 – клубот повика на полна сала „Млаз“ против Тиквеш!

Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци во натпревар од деветтото коло на македонската ракометна Суперлига, а од...

Поврзани написи
Ракомет

Богданци се мобилизира за првата победа на Младост 1977 – клубот повика на полна сала „Млаз“ против Тиквеш!

Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци...

Ракомет

Пилиповиќ, поранешниот голман на охриѓани, меѓу најдобрите во ЛШ!

Името на Кристијан Пилиповиќ повторно се најде во фокусот на европскиот ракомет,...

Ракомет

„Јане Сандански“ ќе биде исполнета до последно место – распродадени билетите за дербито Вардар – Еурофарм Пелистер!

Македонскиот ракометен класик меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се игра пред...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!