ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Сподели
Сподели

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите. Тимот од Македонија од 20:00 часот ќе се соочи со домаќинот на групата, Атлетик Футсал Клуб Грац, во салата Bluebox Arena во Грац, Австрија.

Проект во Австрија пристигна со позитивна атмосфера и големи амбиции, по фантастичната сезона 2025/2026 во која ја освои двојната круна во македонскиот футсал, а првенството го заврши без пораз и без реми, со максимален ефект.

Подготовките пред европскиот предизвик беа искористени за проверка на формата и тестирање на различни тактички замисли и комбинации. Македонскиот шампион одигра контролни натпревари со Дреница, двапати со бугарскиот шампион Амиго Нортвест, а во последната проверка со убедливи 7:0 го совлада Пирот.

  • Подготвени за првиот европски предизвик

Проект синоќа го одработи првиот тренинг во Bluebox Arena, каде што вечерва ќе се одигра натпреварот со Грац.

Утрово македонскиот шампион го одработи и последниот тренинг пред вечерашниот дуел, по што сите мисли се насочени кон првиот европски натпревар.



Сите играчи се подготвени за настап, во тимот владее позитивна атмосфера, а стручниот штаб на располагање ги има сите играчи за важниот старт на турнирот.

  • Проект – Грац, 20:00 часот

Прв европски тест, противник е домаќинот и првиот чекор кон остварување на големата цел.

  • Ќе има и пренос во живо!

За сите оние кои нема да бидат во Грац, ќе има можност за следење на натпреварот во живо.

Линкот за пренос ќе биде споделен еден час пред почетокот на натпреварот.

Спортска Мрежа ексклузивно, како единствен медиум од Македонија, ќе известува од Австрија и ќе ги следи сите натпревари на Проект во претквалификациите за Лигата на шампионите.

📅 Следните два меча на Проект:

🇸🇮 27 август, 17:30 часот

Проект – Врхника

🇮🇱 29 август, 17:30 часот

Макаби Нетанја – Проект

Но, прво – Грац! Вечерва од 20:00 часот македонскиот шампион ја отвора европската приказна.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Фримен со трипл-дабл на дебито, Гордон најдобар стрелец по второто коло во женската кошаркарска Прва лига

По комплетирањето на второто коло во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига за жени, индивидуалната статистика донесе неколку впечатливи остварувања, а посебно внимание привлече Арин...

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв пресек на листата на најдобри стрелци. Засега на врвот е фудбалерот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв...

Втора лигаФудбал

Со три меча во сабота ќе се отвори 10. коло на Втора лига, в недела се играат четири натпревари

Десеттото коло на Втората македонска фудбалска лига е закажано за овој викенд,...

Прва лигаФудбал

Колото го отвараат Шкендија Арачиново и Тиквеш, дербито меѓу Вардар и Струга во понеделник

Дванаесеттата рунда на Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра во два...

Трета лигаФудбал

Огражден на врвот во Трета лига регион 3, неколку екипи го напаѓаат врвот

Новалијата Огражден од Ново Село е хит во Трета лига регион 3,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!