Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора. Натпреварот во Будва е закажан за 19:00 часот, а избраниците на Борис Ројевиќ влегуваат со јасна цел – нова победа.

Охрид во првото коло славеше над Војводина со 36-30, па со позитивна атмосфера го очекува и вториот натпревар во новото регионално натпреварување. Пред гостувањето во Будва, Ален Ќосевски од таборот на охриѓани потенцираше дека тимот е подготвен за борба и дека колективниот пристап ќе биде еден од клучевите за успех.

„Ќе дадеме се од себе, ќе играме како еден тим и ќе ја почитуваме секоја топка. Победа е наша цел“, порача Ќосевски.

Охриѓани во Будва ќе се обидат да ја продолжат победничката серија и со нови два бода да направат уште еден чекор кон врвот во групата Б.

Натпреварот меѓу Будванска Ривиера и Охрид ќе се одигра утре од 19:00 часот во спортскиот центар во Будва.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Фримен со трипл-дабл на дебито, Гордон најдобар стрелец по второто коло во женската кошаркарска Прва лига

По комплетирањето на второто коло во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига за жени, индивидуалната статистика донесе неколку впечатливи остварувања, а посебно внимание привлече Арин...

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв пресек на листата на најдобри стрелци. Засега на врвот е фудбалерот...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар со борбено реми против Мелсунген ја затвори европската приказна во Лигата на шампионите

Двократниот европски шампион Вардар 1961 со реми од 26-26 против германскиот Мелсунген...

РакометРакометна репрезентација

Македонија тргнува кон ЕП 2028, билетите за дуелот со Луксембург во продажба!

Почнува новиот квалификациски предизвик за македонската машка ракометна репрезентација, која ќе ја...

Ракомет

Вардар брка европски триумф против Мелсунген за крај на настапот во ЛШ!

Вардар 1961 го очекува последниот предизвик во групната фаза од Лигата на...

Ракомет

Во продажба билетите за ракометниот спектакл Вардар – Еурофарм Пелистер!

Се приближува новото издание на најголемото домашно ракометно ривалство, а навивачите веќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!