ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе го претставува македонскиот футсал во претквалификациите за Лигата на шампионите.

За сите навивачи кои сакаат да го следат настапот на Проект, ги издвојуваме точниот распоред, термините и салата во која ќе се играат натпреварите.

Сите три натпревари на македонскиот шампион ќе се одиграат во Bluebox Arena во Грац.

  • Распоред на натпреварите:

📅 26 август – 20:00 часот

🇲🇰 Проект – Грац 🇦🇹

📅 27 август – 17:30 часот

🇲🇰 Проект – Силико 🇸🇮

📅 29 август – 17:30 часот

🇮🇱 Нетанја – Проект 🇲🇰

Турнирот ќе се игра од 26 до 29 август, а Проект ќе има три натпревари во рамки на групата А.

По фантастичната сезона 2025/2026, во која Проект ја освои двојната круна во македонскиот футсал и првенството го заврши без пораз и со максимален ефект, сега следува големиот европски предизвик.

Подготовките беа искористени за проверка на формата и тестирање на различни комбинации. Проект одигра контролни натпревари со Дреница, двапати со бугарскиот шампион Амиго Нортвест, а во последната проверка убедливо го совлада српски Пирот со 7:0.

Сега македонскиот шампион е во Грац и го очекуваат три европски натпревари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Фримен со трипл-дабл на дебито, Гордон најдобар стрелец по второто коло во женската кошаркарска Прва лига

По комплетирањето на второто коло во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига за жени, индивидуалната статистика донесе неколку впечатливи остварувања, а посебно внимание привлече Арин...

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв пресек на листата на најдобри стрелци. Засега на врвот е фудбалерот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв...

Втора лигаФудбал

Со три меча во сабота ќе се отвори 10. коло на Втора лига, в недела се играат четири натпревари

Десеттото коло на Втората македонска фудбалска лига е закажано за овој викенд,...

Прва лигаФудбал

Колото го отвараат Шкендија Арачиново и Тиквеш, дербито меѓу Вардар и Струга во понеделник

Дванаесеттата рунда на Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра во два...

Трета лигаФудбал

Огражден на врвот во Трета лига регион 3, неколку екипи го напаѓаат врвот

Новалијата Огражден од Ново Село е хит во Трета лига регион 3,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!