Кошарка

ОФИЦИЈАЛНО: КК Соколи 1993 од Штип се новиот Суперлигаш во македонската кошарка!

Сподели
ФОТО: КК Соколи 1933
Сподели

Кошаркарскиот клуб Соколи 1993 од Штип и официјално ќе биде дел од највисокиот ранг на македонската кошарка во сезоната 2026/27.

По разгледувањето на пристигнатите пријави и целокупната документација, Комисијата за лиценцирање при Кошаркарската федерација на Македонија утврди дека штипскиот клуб ги исполнува сите потребни услови за пополнување на слободното место во Суперлигата.

За местото конкурираа три клубови, но правото за настап во елитното друштво го доби Соколи 1993, кој во новата сезона ќе се натпреварува со најдобрите македонски екипи.

Ова претставува големо признание за досегашната работа на клубот, но и потврда за сериозните амбиции и јасната визија за иднината.

Со силен тим, големи амбиции и поддршка од верните штипски навивачи, Соколи 1993 го очекува нов предизвик во македонската кошаркарска елита. Штип повторно ќе живее за кошарката!

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Фримен со трипл-дабл на дебито, Гордон најдобар стрелец по второто коло во женската кошаркарска Прва лига

По комплетирањето на второто коло во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига за жени, индивидуалната статистика донесе неколку впечатливи остварувања, а посебно внимание привлече Арин...

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв пресек на листата на најдобри стрелци. Засега на врвот е фудбалерот...

Поврзани написи
Кошарка

Фримен со трипл-дабл на дебито, Гордон најдобар стрелец по второто коло во женската кошаркарска Прва лига

По комплетирањето на второто коло во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига за жени,...

Кошарка

МЗТ Скопје со четврти пораз во ФИБА Еврокупот, АЕК Ларнака славеше во Скопје

МЗТ Скопје не успеа да ја прекине негативната серија во ФИБА Еврокупот,...

Кошарка

Бадел 1862 го доби дербито во Крива Паланка, Гордон блескаше со 40 поени

Кошаркарките на Бадел 1862 остварија значајна гостинска победа против актуелниот шампион Крива...

Кошарка

Феникс 2010 и Гостивар максимални по три кола, Бутел го запре Охрид во Првата кошаркарска лига

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи донесе убедливи победи,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!