Ракомет

Ѓукиќ останува во Охрид: Искусното крило не оди во Партизан!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Дарко Ѓукиќ останува дел од Охрид и во новата сезона, со што паднаа во вода најавите за негово можно заминување од клубот и трансфер во Партизан. Искусното крило ќе продолжи да го носи дресот на охриѓани и ќе биде на располагање на тренерот Борис Ројевиќ и во сезоната која следува.

Ѓукиќ минатата сезона имаше значајна улога во составот на Охрид, со важни погодоци во битката за третото место во Супер лигата, но и во историскиот европски успех и освојувањето на  ЕХФ Европскиот куп.

ФОТО: ГРК Охрид

Охриѓани, пак, во подготовките за новата сезона веќе испратија сериозна порака. Тимот на Ројевиќ ги освои турнирите во Струга и на петтото издание на „Крсте Андоновски“, при што двапати славеше против Вардар.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште

Жителите на Општина Сопиште од денеска имаат современ и функционален спортски простор, откако беше пуштено во употреба реконструираното мултифункционално игралиште, реализирано со поддршка...

Останато

Мохамед Атум пристигна во Македонија,18 млади пинг-понгари на камп во Пехчево

Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг-понг федерација (ITTF), заедно со селекторот на македонската репрезентација, Миленковиќ, беа во посета на...

Поврзани написи
Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!