ИнтернационалциФудбал

Нови задачи за македонските судии во Таранто: Ристов, Соклевска Илиевски и Цветановиќ на Италија – Алжир

Сподели
Сподели



Продолжуваат ангажманите на македонските фудбалски судии на Медитеранските игри во Таранто, Италија, каде и денес нашите арбитри ќе бидат дел од меѓународните натпревари.

Вечерва на програмата е дуелот меѓу Италија и Алжир до 21 година, на кој главен судија ќе биде Ангелчо Ристов. Негови асистенти ќе бидат Елена Соклевска Илиевски и Тамара Цветановиќ, додека улогата на четврти судија ќе ја има Анди Кочи од Албанија.

Соклевска Илиевски и Цветановиќ се меѓународни асистент-судии, а нивниот нов ангажман е уште една потврда за довербата што ја уживаат македонските арбитри на меѓународната сцена.

Во Италија на Медитеранските игри, исто така е и асистент-судијата Александар Николоски.

За Елена Соклевска Илиевски ова е уште еден во низата меѓународни ангажмани во долгогодишната судиска кариера. Таа статусот на меѓународен судија го има уште од 2011 година, додека Тамара Цветановиќ е меѓународна судијка од 2025 година.

Со новите задачи во Таранто, македонските судии продолжуваат да ја претставуваат Македонија на големата меѓународна сцена и уште еднаш ја потврдуваат репутацијата која ја уживаат во европските рамки.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на 8 октомври во „Јане Сандански“ гостува Висла Плок. Полскиот шампион во...

Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен семинар за судии и делегати, одржан во хотелот „Холидеј Ин“ во...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!