Прва лигаФудбал

Вардар се врати на победнички патеки, убедливи 4:1 против Силекс!

Сподели
ФОТО: ФК Вардар АД
Сподели

Вардар ја запиша втората победа во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, откако на Националната арена „Тодор Проески“ со убедливи 4:1 го совлада Силекс. По поразите од Шкендија и Струга, „црвено-црните“ одиграа многу подобар натпревар и заслужено стигнаа до трите бода.

Домашниот состав одлично го започна натпреварот и уште во 3. минута дојде до предност. Спахиу одлично проби по левата страна и го пронајде Димитар Данев, кој со прецизен удар од прва го совлада Џеков за 1:0. Погодокот беше проверуван и преку ВАР поради позицијата на Азер Омерагиќ, но беше потврден.

Вардар продолжи да напаѓа и во 26. минута беше блиску до втор погодок, но ударот на Спахиу заврши во пречката. Силекс, пак, имаше огромна можност преку Шеро, кој излезе очи в очи со Талевски, но голманот на Вардар одлично интервенираше.

Кратовчани сепак стигнаа до израмнување во 37. минута. Дарко Анѓелески прими топка во казнениот простор, се ослободи за удар и прецизно погоди за 1:1. До крајот на првиот дел Силекс можеше и целосно да направи пресврт, но Талевски повторно беше на висината на задачата при уште еден опасен обид на Шеро.

Вардар во второто полувреме повторно ја презеде иницијативата, а наградата стигна во 63. минута. Михаел Маневски, кој претходно влезе во игра, одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и со удар со десната нога погоди за 2:1.

Само неколку минути подоцна домашните ја зголемија предноста. Мигуел Пиреш тргна во продор и со реализација донесе 3:1 за Вардар. Португалецот не го прослави погодокот, со оглед дека во Вардар пристигна токму од Силекс.

Гостите имаа можност да се вратат во игра, но не успеаја да ја искористат својата шанса. Казната стигна во самиот финиш.

Во 88. минута, Спахиу одлично реагираше и со прецизен лоб го совлада Џеков за конечни 4:1 и голема радост на „Тодор Проески“.

Со оваа победа Вардар стигна до шест бода, додека Силекс останува на седум. За „црвено-црните“ ова е важен триумф по двата последователни порази и најава дека повторно влегуваат во победнички ритам.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на 8 октомври во „Јане Сандански“ гостува Висла Плок. Полскиот шампион во...

Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен семинар за судии и делегати, одржан во хотелот „Холидеј Ин“ во...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!