Прва лигаФудбал

Брегалница со голема победа во Гостивар, Натаниел ја реши драмата во 92. минута!

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Брегалница Штип оствари значајна победа на гостувањето кај Арсими 1973, совладувајќи го домашниот состав со 4-3 во натпревар од 11. коло на Првата македонска фудбалска лига. Штипјани испуштија предност од два гола, но во самиот финиш успеаја да стигнат до цел плен, благодарение на погодокот на Натаниел во судиското надополнување.

Домаќините први се радуваа на гол, откако Лорик Каба во 22. минута ја искористи одбиената топка по ударот на Рамадани и го совлада Филевски за водство од 1-0. Сепак, предноста на Арсими не траеше долго. Брегалница брзо ја презеде иницијативата и во 30. минута Стефан Коцев донесе израмнување.

Гостите продолжија со добрата игра, а во 40. минута Иван Глигоров ја затресе мрежата за целосен пресврт и водство од 2-1 на полувремето.

На почетокот од вториот дел, Брегалница дополнително ја зголеми предноста. Виктор Велкоски беше највисок во скокот по корнер од десната страна и со прецизен удар со глава во 52. минута погоди за 3-1, со што штипјани се најдоа во одлична позиција за освојување на трите бода.

Но, Арсими не се откажа од борбата. Маркел Гоми намали на 2-3, а само пет минути подоцна Аљбин Рамадани го постигна својот втор гол сезонава и донесе израмнување од 3-3. Домашниот тим се врати во натпреварот и најави неизвесна завршница.

Кога се чинеше дека средбата ќе заврши без победник, Брегалница зададе решавачки удар. Во 92. минута, по корнер од десната страна, нововлезениот Натаниел одлично се снајде пред голот и ја испрати топката во мрежата за конечни 4-3 и големо славје на гостите од Штип.

Со овој триумф Брегалница ја забележа првата гостинска победа во актуелната сезона и стигна до 13 бода, со што се искачи на седмата позиција на табелата. Арсими останува со 10 бода и се наоѓа во долниот дел од табелата, во зоната на опасност.

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Естонките ја потврдија доминацијата, Македонија повторно поразена

Естонија уште еднаш ја потврди својата физичка и резултатска надмоќ, овојпат и на гостувањето во Штип. Во спортскиот центар „Џексон“, гостинската репрезентација ја...

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!