Прва лигаФудбал

Стојанов: Атмосферата во Брегалница е добра, одиме на три бода против Арсими

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Брегалница е една од двете екипи во Првата македонска фудбалска лига која и натаму нема победа на гостински терен во досегашните 10 кола. Заедно со Скопје, штипјани имаат освоено само еден бод од туѓ терен сезонава, и „сините“ тешко играат кога се надвор од Штип.

Денеска Брегалница гостува кај Арсими, тим кој од друга страна нема пораз на свој терен, со скор од една победа и четири нерешени средби.

Од таборот на штипјани се надеваат дека, конечно, ќе биде „скршен мразот“ и ќе се израдуваат на еден триумф на гости. Исто така од таборот на Брегалница посакуваат да биде прекината и мини серијата на порази која трае два меча.

„На секој натпревар одиме на победа, без разлика дали играме дома или на гости. Знаеме дека на гости играме потешко, но мислам дека е добар момент да дојдеме до првиот гостински триумф. Не смееме да потцениме никого, но ќе дадеме се од себе да стигнеме до трите бода иако сме свесни дека задачата ќе биде тешка. Атмосферата во екипата е добра, сите сме подготвени да дадеме максимум и да ја исполниме целта, да дојдеме до добар резултат“, изјави Мартин Стојанов.

Мечот Арсими – Брегалница се игра во Гостивар со почеток во 12:00 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Естонките ја потврдија доминацијата, Македонија повторно поразена

Естонија уште еднаш ја потврди својата физичка и резултатска надмоќ, овојпат и на гостувањето во Штип. Во спортскиот центар „Џексон“, гостинската репрезентација ја...

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!