Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Шапе ги одбра 14-те одбојкари: Македонија У20 тргна по европски предизвик

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката репрезентација на Македонија до 20 години утринава отпатува за Софија, Бугарија, каде од утре до 29 август ќе настапи на БВА зонските квалификации за Европското првенство 2027.

По тринеделните подготовки во Крушево, каде во првите десет дена младите одбојкари работеа паралелно со националниот А тим, селекторот Јован Шапе го одреди составот од 14 играчи кои ќе ја претставуваат Македонија на турнирот.

БВА зонските квалификации ќе траат до 29 август, а секој натпревар ќе биде важен тест за македонските одбојкари во борбата за место на Европското првенство во 2027 година.

ФОТО: ОФМ

Македонија за конкуренти ги има домаќинот Бугарија, Србија и Турција, како и Русија и Белорусија кои добија „зелено светло“ од ЦЕВ преку БВА да го бараат патот до континенталниот собир во оваа возрасна категорија.

„Свесни сме за силината на противниците со кои се соочуваме и за нашата позиција на аутсајдери во ова натпреварување. Ние градиме една млада репрезентција, создаваме костур кој ќе може во иднина да премине во А селекцијата. Имаме систем на работа и иако не сме на нивото на нашите ривали, тоа не не спречува да се бориме за секој поен. Имавме одлични подготовки во Крушево. Фактот дека трениравме заедно со А националниот тим, дека дел од момците можеа да видат каков е пристапот и начинот на работа на нивните идоли позитивно влијаеше на комплетниот тренажен процес. Одработивме квалитетни тренинзи со дисциплиниран и сериозен пристап. Премиерно оваа генерација ќе игра во едни вакви квалификации и работевме на тоа како да играме паметно. Знаеме со што ќе се соочиме, со висок блок, со силен сервис и силен напад, па работевме на тактика, на тоа како да бидеме мирни и да играме со глава, да не му подаруваме поени на противникот и да понудиме жар и борба на теренот. Примарно е она што го работевме да го покажеме на теренот, да собереме искуство и да не дозволиме да бидеме лесен плен“, заклучува селекторот Јован Шапе.

Македонија утре, во првото коло ќе се сретне со домаќинот Бугарија од 17:30 часот. Во второто коло, ден подоцна, од 15 часот, нашата репрезентација за противник ќе ја има Белорусија. Во истиот термин на 27 август, пак, играме со Србија. На 28 август од 20 часот ќе ги измериме силите со Русија, додека во последното коло од 17:30 часот ќе се соочиме со Турција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Муслиу: Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот

Во единаесет дена македонската фудбалска репрезентација игра четири меча, утре во Луцерн...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У18 минимално поразена од Црна Гора во Охрид

Репрезентацијата на Македонија до 18 години со минимални 0:1 загуби од Црна...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!